Суштината на диетата е дека се почитува три дена, по што се одмора 3 дена и повторно се повторува. Во викендите е важно да не претерувајте. Хранете се умерено и не земајте повеќе од 1500 калории на ден.Ако распоредот ви е зафатен и работите во различни смени, не е проблем да се храните во различни периоди – важно е сепак да ја јадете храната, која е вклучена во менито.
Исто така, не е дозволено да јадете друго помеѓу оброците, но можете да ја дистрибуирате храната во мали порции во текот на денот, за да се чувствувате сити.
Можете да диета дс ја држите онолку пати колку што сакате или додека не дојдете до посакуваната тежина. Тренинзите исто се препорачуваат. Ако немате енергија, можете да пешачите по 30 минути секој ден. Важно е да знаете дека на почетокот ќе слабеете со побрзо темпо, бидејќи вашето тело ќе се прилагодува кон режимот.
После диетата најмалку три дена треба да бидете на редовна исхрана, па ако ви се допаѓа, можете да ја повторите.
Диетата изгледа вака…
Прв ден
Појадок
Половина грејпфрут, едно парче тост со две лажички путер од кикирики, кафе или чај
Ручек
Половина чаша туна, парче тост, кафе или чај
Вечера
80 грама било какво посно месо или пилешко месо, една чаша грашок, половина банана, едно мало јаболко и една чаша ванилин сладолед.
Втор ден
Појадок
Едно јајце, половина банана, едно парче тост.
Ручек
Една чаша свежо сирење, едно тврдо варено јајце и пет солени крекери.
Вечера
Две виршли (без леб или печива), една чаша брокола, половина чаша рендан морков, половина банана, половина чаша ванилин сладолед.
Трет ден
Појадок
Црно кафе или чај со 1-2 лажички засладувач.
Пет солени крекери, 26 грама сирење, и едно мало јаболко.
Ручек
Едно тврдо варено јајце и парче тост.
Вечера
Една чаша туна, половина банана и чаша ванилин сладолед.
Може да пиете вода колку сакате и ако строго се придржувате до упатствата, може да намалите до четири килограми.
*Доколку се одлучите на оваа диета најпрво консултирајте се со вашиот лекар.Ако распоредот ви е зафатен и работите во различни смени, не е проблем да се храните во различни периоди – важно е сепак да ја јадете храната, која