Клаберката Тамара Ѓуриќ, која наскоро ја издава својата прва песна, одлучи пред пробивањето на музичкиот пазар да се пресмета со идните колешки. Слаба точка ѝ е Александра Пријовиќ, односно стајлингот на младата пејачка на Гранд.На Тамара на ѝ се допаднал белиот чипкаст фустан на Александра:
„Нејзиниот фустан изгледа евтино, не ми се допаѓа нејзиниот стил. Таа сепак е сега некое име, би требало повеќе да вложува во изгледот. Александра како снаа на Брена треба многу да вложува во себе, а не да изгледа бедно“ – рекла Тамара.
Додека таа тврди дека би можела да ја научи Пријовиќ како да се облекува, многумина се сложуваат дека Александра би можела да ѝ држи часови по пеење.
„Нека не се грижат пејачките, нема да им го земам лебот од уста. Не земав часови по пеење, не барав ничија помош бидејќи сите ми рекоа дека сум талентирана. Меѓу другото, тоа не е класично пеење, па не очекувам негативни коментари во врска со мојата песна“ – самоуверено изјавила Тамара за српски Курир.
На Тамара на ѝ се допаднал белиот чипкаст фустан на Александра:
„Нејзиниот фустан изгледа евтино, не ми се допаѓа нејзиниот стил. Таа