Војната на која никој не се сеќава – Најмрачниот ден во Вашингтон

На 24-ти август 1814 година, Британците отворија оган и ја одредија понатамошната иднина на главниот град. 24 август 1814 година, 7 часот наутро
Денот започна како и многу други денови во Вашингтон, со долга средба исполнета со конфузија, дезинформации и неодлучност.
Британците доаѓаа, марширајќи во насока на Вашингтон. Јасна цел на напаѓачите остана нејасна, но нивните намери сигурно беа малигни.
Џејмс Медисон, четвртиот претседател на раноформираните САД, брзо замина во приватна куќа во близина на бродоградилиштето за да присуствува на итен воен совет со врвните генерали и членови на неговиот кабинет. Секретарот на армијата, Џон Армстронг потврди дека во последните неколку дена Британците нема веднашда го нападнат Вашингтон, бидејќи не е од голема важност, со само 8000 жители и неколку грандиозни владини згради рафрлани на голема оддалеченост.
Британците слетаа 5 дена порано во близина на реката Патуксент, југоисточно од Вашингтон. Имало поколу 4500 војници – прекалени борци со искуство во војните против Наполеон.
Воениот совет продолжи бесцелно да заседава се додека не пристигна конечниот извештај дека непријателот најверојатно се стреми кон Блејденсбург, оддалечен само 6 милји од главниот град. Генералите се подготвуваа да излезат на бојното поле, Медисон самиот одлучи и тој да се придружи. Некој му подаде две пиштоли и тој ги врза околу половината.

Војната на која никој не се сеќава
Во раскажувањето на ова поглавје од американската историја, може да се каже дека само неколку Американци се грижат и знаат за оваа “чудна” војна. Од поодалечна дистанца можеме да претпоставиме дека тоа беше еден вид на револуција. Но, војната од 1812 година? Не знаеме зошто се случи, кога се воделе битките и кој излегол како победник.
Преку книгата на Стив Вогел, влеговме во тајните на бродоградилиштето, касарната на маринците, куќата Севол Белмонт( уништена по отворениот оган врз Британците), куќата Октагон – која служела како скривалиште на семејството Мединсон за неколку месеци по големиот дебакл и бојното поле во Блејденсбург.
Кратката лекција по историја гласи: САД прогласи војна врз Британците во јуни 1812 година. Британците се вмешаа во американската трговија со Французите, усогласувајќи се со индијанските племиња на почетокот. Критичарите овој конфликт го нарекоа “Војната на г-динот Медисон”. Подоцнежните историчари ја нарекуваа Втората војна за американската независност, а во Канада војната остави длабок траг во меморијата, како дел од основачката митологија на нацијата.
Големиот дел од военото дејство се случуваше во Канада и Големите Езера, но во 1813 година, Британците ја започнаа кампањата “ Chesapeake”, напаѓале градови и доведиле Афро-Американци на територија на САД, кои биле под ропство и кои не ги гледале Британците како освојувачи туку како ослободители.
Задолжен за одбрана на Вашингтон беше бригадниот генерал Вилијам Виндер, адвокат со воена позадина, но добри политички врски. На 24-ти август тој јасно не знае што да прави. Најдоброто што може да се каже за него е дека тој конечно заминал за Блејденсбург и имал големо големо согледување дека настаните одат на лошо за нив.
На 24-ти август 1814 година, Британците ја запалија Белата Куќа, Зградата на трезорот, Капитол Хил, Врховниот Суд и Библиотеката на Конгресот и делови од Претставничкиот дом и Сенатот. 

Војната наскоро заврши. Британците беа исцрпени по годините борба низ Европа. До декември, преговарашите ја завршија изработката на Договорот од Гент, во кој двете страни се согласија да нема победник во војната. Во јануари 1815 година, се уште несвесни од мировниот договор, генералот Ендрју Џексон ги предводеше Американците до уште една победа во битката на Њу Орлеанс, за зголемување на моралот. Медисон наскоро го потпиша договорот во куќата Октагон и во земјата можеше да се прославува.
Горењето на Вашингтон создаде егзистенцијална криза во градот. На неколку години, некои законодавци бараа седиштето на владата да биде преместено некаде поконгенијално.Со најголем дел од владините згради уништени, Конгресот повторно дебатираше за дислокација.
“Поради тоа што зградите беа запалени, што претставуваше национална навреда, Американците застанаа во одбрана на Вашингтон, како седиште на владата.” – изјави историчарот Кенет Боулинг.
Можеби најлошиот ден во историјата на Вашингтон е една од најдобрите работи, што му се случиле на градот. Тоа е дел од историја, кој главниот град секогаш ќе го носи со себе.   24 август 1814 година, 7 часот наутро
Денот започна како и многу други денови во Вашингтон, со долга средба исполнета со к

Пронајдете не на следниве мрежи: