Заменик министерот за одбрана, Беким Максути денес во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во – Велес, им ја честиташе свечената заклетва на 29та класа војници на доброволно служење во Армијата на Република Македонија.„Да се биде дел од Армијата на Република Македонија е чест и гордост не само за Вас војниците туку и за Вашите родители, за Вашите семејства, за секој граѓанин. Со заклетвата, Вие се обврзавте да го чувате и браните уставниот поредок, територијалниот интегритет и суверенитет на државата и да му служите на народот“ – истакна заменик министерот Максути.
Максути додаде дека е особено горд што меѓу денешните војници има припадници од сите етнички заедници и припаднички од понежниот пол, што претставува видлив доказ дека воената професија станува сè поатрактивна, а воедно со тоа се унапредува етничката и родовата еднаквост во нашата земја и се имплементира Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН.
Командантот на Центарот за индивидуална обука, потполковник Газменд Абдиу, во своето обраќање им порача на новата класа војници дека во периодот што претстои новите војници ќе бидат обучени од искусни инструктори кои ќе им ги пренесат тајните на воената вештина, а со тоа воената професија ќе им стане поблиска.
Министерството за одбрана и понатаму ќе се ангажира за квалитетен и различен прилив на млади лица кои изразуваат спремност да бидат дел од вооружените сили на Република Македонија. Истакнуваме дека со доброволното служење воен рок претставува одлична основа за понатамошното ангажирање како професионални војници во АРМ.
На денешната свеченост на која заклетва дадоа 68 војници од кои 63 машки и 5 девојки, присуствуваа заменик началникот на Генералштабот на АРМ, генерал мајор Мухамед Рацај, државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова, командантот на Здружената оперативна команда, генерал мајор Васко Ѓурчиновски, високи претставници од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, претставници шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, морнарички капетан Горазд Бартол и претставници од локалната самоуправа.„Да се биде дел од Армијата на Република Македонија е чест и гордост не само за Вас војниците туку и за Вашите родители, за Вашите семејства,