Војската ќе убива, земјата на раб на војна

Украинската армија доби дозвола да употреби оружје и да го ограничи движењето во рамки на мерките за борба против тероризмот, преземени од власта, со цел неутрализирање на „екстремистите” меѓу демонстрантите, соопшти украинското Министерство за одбрана.- Војската има право да употреби оружје во рамки на антитерористичката операција, како и право да го ограничи или забрани движењето со моторни возила и на минувачи, се наведува во соопштението.
Војниците, исто така, имаат право да извршат проверки на идентитетот и да апсат извршители на „незаконски дејствија”.
Претходно денеска Службата за безбедност на Украина најави почеток на антитерористичка операција во целата земја, без да наведе какви мерки се предвидени со истата.
Во меѓувреме, шефот на државата Виктор Јанукович со указ го смени началникот на Генералштабот и главен командант на Армијата, Володимир Замана, а на негово место го именува Јуриј Илин, кој досега беше командант на украинската воена морнарица.- Војската има право да употреби оружје во рамки на антитерористичката операција, како и право да го ограничи или забр

Пронајдете не на следниве мрежи: