Волкот Забавика е маскотата на СП во фудбал за 2018 година

Маскотата на Светското фудбалско првенство во 2018 година, кое ќе се одржи во Русија, ќе биде волкот Забавика, одлучија навивачите со гласање на интернет.Резултатите од изборот за маскотата за СП 2018 се соопштени доцна синоќа на руската национална телевизија, а организаторите потврдија дека гласале повеќе од милион луѓе.
Волкот со повеќе од 50 отсто од гласовите ги победи мачката и амурскиот тигар во астронаутска опрема, а победникот заедно го прогласија претседателот на Руската фудбалска федерација Виталиј Мутко и поранешната бразилска фудбалска ѕвезда Роналдо.
Забавика ќе ги наследи леопардот Закуми од мундијалот во Јужна Африка во 2010 и кутрето Фулеш од минатиот во Бразил во 2014 година. Шампионатот во Русија ќе се игра од 14 јуни до 15 јули 2018 година.Резултатите од изборот за маскотата за СП 2018 се соопштени доцна синоќа на руската национална телевизија, а организаторите потврдија дека гласале

Пронајдете не на следниве мрежи: