Желбата за екстремни спортови, за слобода и за авантура, но и авантуристичкиот дух се заедничките нешта за клубот „Полар“ и најмоќниот меѓу теренските возила – „Volkswagen Amarok“. Желбата за екстремни спортови, за слобода и за авантура, но и авантуристичкиот дух се заедничките нешта за клубот „Полар“ и најмоќниот меѓу теренските возила – „Volkswagen Amarok“. Токму ова беше инспирација за организација на една дружба за паметење во рекреативниот центар „Попова Шапка“. Имено, „нескротливиот волк” меѓу теренските автомобили – „Volkswagen Amarok“ им помогна на ентузијастичните рекреативци да стигнат до најнепристапните места и да ги скротат најдивите предели, за потоа да можат енергично да уживаат во скијањето и во бордањето. Со должина од 5,25 метри, импресивна 2,52 м2 багажна површина, простор за 1.000 кг товар, првиот европски теренец покажа дека е направен така да ги издржи најлошите услови и да стигне на местата каде што другите возила не можат да стигнат.
Со „Volkswagen Amarok“ буквално можете да го слушнете повикот на дивината, да се препуштите на чувството на слобода и на авантура, да ве понесе неговата енергија, да ви отвори недопрени хоризонти. Се вели дека треба да погледнете во очите на волкот за да ја видите вашата душа. Ние, членовите од клубот „Полар“ лично се уверивме во овие негови карактеристики.
Овој пикап со најголем товарен простор во својата класа е универзален модел што се карактеризира со огромна моќност, сила и со агилност. Уникатниот спој на теренско возило и на пикап, како и луксузно опремената внатрешност, го прават овој автомобил идеален за секојдневно возење, но и за рекреативни авантури.
„Amorok“ е првиот 4-погонски пикап во својата класа со намалена СО2 емисија и револуционерна економичност, со исклучително ниска потрошувачка од само 7,5 литри на 100 км. Неговиот ентериер содржи комфор и луксуз кои би ги очекувале од еден автомобил „Volkswagen“, почнувајќи од климатскиот воздушен регулатор, потоа преку темпоматот, електриката на сите прозорци, комфорното централно заклучување, паркинг- сензорите, па сe до адаптивните седишта правејќи го офроуд- патувањето комфорно како никогаш досега. Тој ја користи напреднатата технологија Volkswagen 4 Motion и во зависност од условите во кои се вози, може да се избере конфигурација на сите четири тркала или, пак, само на две. Благодарение на својот погон 4MOTION, ABS и на електронската програма за стабилизирање, „Amarok“ е најдобро возило за авантуристи, овозможувајќи максимум удобност и исклучителна крос-кантри мобилност без притоа да се бара посебен напор.
Освен Амарок, членовите од клубот Полар за долгите патувања на располагање имаат и уште еден убавец од гамата на Volkswagen Kомерцијални возила – Volkswagen Transporter T5 Combi. Со овој особено издржлив и економичен модел создаден за безбедно пристигнување до целта, удобно можат да се превезуваат 9 патници до зимските центри.
Тимот на брендот Volkswagen – Комерцијални возила и членовите на клубот Полар го изразија своето задоволство за заедничката соработка и за одличната дружба. Желбата за екстремни спортови, за слобода и за авантура, но и авантуристичкиот дух се заедничките нешта за клубот „Полар“ и најмоќниот