Британскиот Diesel Car Magazine објави добитник за признанието за најдобар дизел автомобил во 2013-та година.
Како што навеле во познатиот магазин, победник помеѓу 26-те кандидати е седмата генерација на Volkswagen Golf.
Најновото издание на Golf во март доби признаника за најдобар европски и светски автомобил на годината.
Освен победата во главната конкуренција, Golf 7 е прогласен за „најдобар дизел модел од средна големина„ додека пак во категоријата „најдобар еко автомобил“ триумфираше Renault Zoe.
Land Rover ја однесе победата во категоријата за најдобар кросовер и најдобар автомобил на сите четири тркала, каде што триумфираа Range Rover Evoque, односно Land Rover Discovery4. Исто така Ford однесе две награди, за најдобар мал автомобил, кој го доби Fiesta и најдобар миниван, која отиде во рацете на B-MAX.
Британскиот Diesel Car Magazine објави добитник за признанието за најдобар дизел авто