Golf се здоби со престижната награда за најпродаван автомобил за месец април во Европа, а бројот на продадени автомобили е за 17,9 отсто зголемен во споредба со истиот период минатата година.
Генерално, на европскиот пазар забележан е зголемен раст на продажбата за 2 отсто но, сепак продажбата на автомобили во 2013-та година е се уште во опаѓање во споредба со 2012-та.
Во Велика Британија, Германија и Шпанија се згоемува трендот на ново регистрирани автомобили, додека пак ситуацијата во Италија и Франција не се подобрува.
Интересно е тоа што во споредба со 2012-та година забележан е раст во Данска (9,3 отсто), додека пак најголемиот пад е забележан во Кипар (43,2 отсто).
Иако петте марки (Volkswagen, Opel, Audi, Mercedes и Ford) бележат раст на продажба, само Mercedes има зголемување на продажбата во однос со ланската година(2,4 отсто).