Во продолжение на долгогодишната фудбалска традиција, Volkswagen склучи четири годишен договор со UEFA и со тоа станува официјален партнер за мобилност за сите национални натпревари на UEFA. Компанијата, исто така ќе овозможи поддршка на UEFA Европското Првенство во 2020, кое за прв пат ќе се одржува во 13 земји по повод 60 годишнината од почетокот на ова натпреварување. Др. Херберт Диес, CEO на брендот Volkswagen изјави: „Ниту еден спорт не може да обедини толку многу луѓе, како што тоа може да го стори фудбалот. Исто така, Европското Првенство во 2020 година кое ќе се игра преку цел континент претставува фантастичен проект. Нашата желба е да оствариме наш придонес преку поврзување на земјите, како и навивачите со наша поддршка и креативност.“
Volkswagen на патиштата се чувствува како дома. Од Атлантскиот Океан до Урал, помеѓу Спитцберген и Сицилија. Во минатата година, речиси 1,7 милиони возила беа испорачани на корисници во Европа. Патничките возила кои го носат амблемот на VW се достапни во сите 55 земји членки на UEFA. Автомобилскиот бренд, исто така располага со 21 производна фабрика со околу 150 000 вработени во 7 земји во Европа.
Маркетинг директорот на UEFA, Гај-Лорент Епстејн, изјави: „Ние сме горди што имаме толку успешен европски бренд со вистинска страст кон фудбалот на наша страна. Тоа значи многу, особено во поглед на големината на работата која што ни претстои. UEFA EURO 2020TM ќе има огромна потреба од мобилност. Постои голема идеја и иновативен концепт зад овој турнир и ние сме многу среќни што ја имаме поддршката од страна на Volkswagen.
Volkswagen има длабоки корени во фудбалот, особено во европскиот. Почнувајќи од 2019 година, германското фудбалско здружение (DFB) ќе се приклучи на веќе постоечките партнерства со националните фудбалски асоцијации во Франција (ФФФ) и Швајцарија (ASF/SFV) за да ги користи возилата на Volkswagen.
Зголемувањето на поддршката кон фудбалот претставува дел од стратегијата на компанијата за иднината. “Фудбалот и Volkswagen се идеални партнери. Фудбалот се игра во речиси секоја земја и е инклузивен – исто како и нашите автомобили. Значи, спортот ни нуди совршена можност да ја претставиме нашата нова ориентација. Во фудбалски термини, Volkswagen „ќе игра напаѓачки“ во текот на следните години. На крајот на краиштата, ние ја спроведуваме најголемата офанзива во историјата на нашата компанија во однос на моделите како и електронската мобилност “, рече Херберт Диес.
Ангажманот на Volkswagen се протега и на други фудбалски натпреварувања од висок калибар, како и на UEFA EURO 2020 ™. Во партнерство со UEFA, исто така, се вклучени и UEFA EURO за жени, UEFA шампионатот до 21 година, UEFA Футсал, како и финалниот турнир од новоформираното UEFA Nations League, кое ќе го направи своето деби во 2019 година. Исто така, Volkswagen ќе има право да користи разни права во почитување на квалификациите за UEFA EURO 2020™. Како “Официјален партнер за мобилност на UEFA”, Volkswagen ќе ужива широк пакет на права, вклучувајќи рекламирање и промотивни права, дигитални права, билети и можности за гостопримство. Вкупно, околу 500 натпревари ќе се играат за време на договорот.
Јирген Стакман, член на одборот за брендирање на Volkswagen, изјави: “Тргнуваме во нов предизвик со спонзорство на UEFA Националниот Тимски Фудбал, кој добро се вклопува со почетокот на продажбата: за да го одбележиме почетокот на нашата нова генерација високо-иновативни електрични возила, брендот Volkswagen за првпат гради меѓународна комуникациска платформа во фудбалот, која ќе генерира позитивен интерес не само низ Европа, туку и подалеку. Многу сме возбудени!” UEFA EURO 2020™ особено носи големи можности за Volkswagen. Како што објасни Стакман: “Се разбира, ние ќе ги вклучиме сите европски пазари, вклучувајќи ги и нашите приближно 3.000 дилери низ европскиот континент. Сепак, центарот на вниманието е цврсто насочен кон навивачите на фудбалот и на тој начин на нашите клиенти. Сакаме да им презентираме атрактивни решенија за мобилност.”Др. Херберт Диес, CEO на брендот Volkswagen изјави: „Ниту еден спорт не може да обедини толку многу луѓе, како што тоа може да го с