Градот Скопје Ве поканува на незаборавна новогодишна авантура во Парк Жена Борец, од 25 до 31 декември. Бидете дел од Волшебниот парк кој е создаден од Новогодишниот маркет, Детската волшебна шума, Распеаната елка, од Дедомразовската трка и Централниот дочек на Новата 2015 Година.Активностите се под покровителство на Град Скопје спонзорирани од Македонски Телеком и Т- Мобиле, а во организација на Универзална Сала.
Почеток на случувањата е на 25 декември во 12 часот со креативна работилница – цртање лампиони.
Програмскиот дел е од 25 до 30 декември со почеток од 16:30 до 19:30 часот.
Свое учество во културно-забавната програма ќе имаат: Театарот за деца и младинци, Лабаво- Лабаво, дј Снежана, дј Никс, Марлон Брандо, The Sound Messengers, дј Брут, Чил Плеј, Лаура Крлиу, дј Аријан.
Распеаната елка е специјално конструирана и украсена за настап на: Хорот на Злата Мегленска, Хорот на Златно Славејче, хорот Поточиња, хорот Про Арт, хорот при МКЦ и хорот Серенада.
Во сабота на 27 декември за најмалите има и дневна детска програма со почеток од 12 часот.
Новогодишниот маркет ќе биде отворен од 25 до 30 декември со работно време од 11 до 22 часот. Како дел од Новогодишниот маркет се поставени 11 дрвени куќички наменети за промоција и продажба. Свое учество во Новогодишниот маркет ќе земат:
Пастел, пекарница и слаткарница, каде што ќе пробате новогодишни колачи и бомбони, пити и пици и да ја почувствувате магијата на добрата кујна.
Винарија Стоби, каде што ќе може да се напиете греено вино.
Julius Meinl ќе биде куќарката во која ќе има топли напитоци.
7 days и Chips Way ќе Ви подготват слатки и солени изненадувања.
Чоко Авиејтерс е чоколадната куќарка каде ќе има рачно изработени чоколади.
Германски колбаси ќе можете да пробате во куќарката на LL Catering.
Четири куќарки се за новогодишни ракотворби како накит, волнени креации и др., кои може да бидат пригодни подароци за најблиските, додека последната, 11 куќарка е Инфо Пулт каде ќе можете да добиете детални информации за сето она што ќе се случува од 25 до 30 декември и за Дедомразовската трка.
Волшебната шума е декорирана со интересни новогодишни светлосни украси. Во ова катче децата ќе можат да ги видат и сликаат со Новогодишното еленче, Новогодишното колаче и Новогодишното лижавче.
Ќе може да се фотографираат со Дедо Мраз, како и да ја украсуваат елката со Лего коцки во соработка со Лего Стем Академијата.
Посебно возбудлива е Дедомразовската трка која ќе се случува на 28 декември, недела со почеток од 12 часот. Спонзорирано од Coca Cola, под покровителство на Град Скопје, во организација на Универзална Сала и подржано од Прв До Врв. Пријавувањето е он-лајн на www.prvdovrv.mk/dedomrazovskatrka и во парк Жена Борец од 25 декември до 30 декември на Инфо Пултот.
Дочекот на Дедо Мраз е на 31 декември на Плоштадот Пела, во 12 часот со пригодна детска програма.
Централниот дочек на Новата Година на 31 декември, е на плоштадот Пела, со почеток од 21 часот. Водители на манифестацијата се Сашко Коцев и Маријана Станојковска. Учесници на програмата за Дочек на Новата 2015 се: Елена Ристеска, Даниел Кајмакоски, Дани, The Sound Messengers, Маја Гроздановска- Панчева, Мустафа Имери, Куку Леле, Есма Реџепова- Теодосиевска, Сузана Спасовска и Наум Петрески. Директен пренос од настанот ќе има на Македонска Радио Телевизија.
Град Скопје Ве поканува да Бидете дел од Волшебна Нова 2015.
Информации можете да добиете на бројот 02/ 3245-614, или на маил [email protected]Активностите се под покровителство на Град Скопје спонзорирани од Македонски Телеком и Т- Мобиле, а во организација на Универзална