Во стариот ден на главниот град на Турција се наоѓа еден од најголемите и најстарите пазари во светот. Капали Чаршија, позната и како Големиот Пазар, е најпосетувана туристичка атракција во Европа и 10-та најпопуларна во светот.
Комплексот се состои од 12 основни згради и располага со 22 порти, кои се наоѓаат на 58 улици кои собираат меѓу 250.000 и 400.000 посетители на ден. Чаршијата има околу 4000 продавници, распоредени на 58 покриени улици.
Меѓу другото овој затворен пазар, како и останатите убавини на Истанбул има богата историја. Во периодот на Византија, на местото каде денеска се наоѓа чаршијата имало мали магазини од чии приходи била финансирана Аја Софија. Капали Чаршија започнала да се гради во 1461 година во времето на султанот Мехмед II.
„Ески безистен” или во превод старот безистен го претставува јадрото на чаршијата. Мехмед II го изградил безистенот со цел да се зголеми трговијата во градот и наредил да биде изградена друга градва од истиот тип како претходната, која го добила името „Сандал безистен”. Со текот на времето, улиците околу овие две градби биле покриени и објектот претворен во чаршија. Во текот на својата историја, градбата била на неколку пати опожарувана и погодувана од земјотреси. Чаршијата значително била проширена и реновирена во текот на 16 век, во времето на Сулејман Величенствениот. Реновирање објектот доживеал и во 1894 година по земјотресот во градот.
Во Капали Чаршија можете да најдете речисе се што ќе посакате. Познато е како место каде што се продава најмногу накит, керамика, зачин, теписи и.т.н. Многу од тезгите во чаршијата се групирани според видот на стоката, со одредени области за кожени палта, златен накит и слично. Така златарските продавници се распоредени по целата должина на централниот тунел и овде секој ден се изложуваат повеќе од 3 тони злато.
Најдобро време за шопинг е рано наутро бидејќи тогаш можете да ја симнете цената на бараната стока на половина, бидејќи трговците веруваат дека ако клиентот не купи ништо, така ќе биде преку целиот ден.
Огромниот лавиринт кој се протега на површина од 30.700 квадратни метри, претставува мало самостојно градче кое вреди да се посети. Тој работи секој ден (освен недела и државни празници), од 9 до 19 часот, а во него се вработени околу 36 илјади луѓе.
Пред две години, Капали Чаршија го прослави својот 550-ти роденден, со што дефинитивно е еден од најстарите и најпосетувани покриени пазари во светот и горд симбол на градот.Во стариот ден на главниот град на Турција се наоѓа еден од најголемите и најстарите пазари во светот. Капали Чаршија,
Пронајдете не на следниве мрежи: