Вонредна прогноза за викендот- спремете се за студен бран

Позначително заладување се очекува за време на викендот, а до утре претпладне ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет и позастапени во западните делови каде се очекува да наврнат над 25 л/м2. Снежната покривка на планините значително ќе се зголеми, а до петок ќе дува умерен југоисточен ветер.
Утринава, повремени локални врнежи од дожд има на југоистокот и тоа во Виница, Струмица и Гевгелија, а во Крушево, Пожаране и Маврово врне снег. Дува слаб до умерен југоисточен ветер којшто е најизразен во Ѓуриште во Светиниколско. Температурата ќе се движи од пет до 10 степени. 
Во Скопје слично време со повремени врнежи од дожд претпладне, а потоа врнежи ќе има и во текот на ноќта. Максималната температура ќе се движи до осум степени. 

 Снежната покривка на планините значително ќе се зголеми, а до петок ќе дува умерен југоисточен ветер.
Утринава, повремени локални врнежи од

Пронајдете не на следниве мрежи: