Вонземјани го обезбедуваат американскиот претседател? – прв дел

Секој објект во воздухот кој очевидец не е способен да го препознае, обично се означува како НЛО – неидентификуван летечки објект. Скептиците признаваат дека луѓето во различни точки на планетата гледаат на небото нешто невообичаено, но имаат тенденција да го сметаат сето тоа за природен феномен.
Ентузијастите тврдат дека НЛО се всушност вонземјани. Тие се подготвени да расправаат 24 часа на ден, но во отсуство на материјални докази е невозможно да се дојде до согласност. Можеби овие докази не се бараат таму каде што треба?
Сеопшта манија
Нејасни видеа со чудни дискови во небото и неброени слики на блескави објекти се објавуваат од сите страни на земјината топка. Но никаде не се придава такво значење на НЛО, како во САД. 80% од Американците веруваат во вонземјаните. Тоа воопшто е единствената земја во која Владата не го негира интересот за овој проблем на државно ниво.
Европски и руски генерали се вознемируваат од таков вид прашања, а американските претставници отворено признаваат: ние се подготвуваме за сè, вклучувајќи и за средба со дојденци.
Занесот по уфологогијата добива димензии на манија, па простите објаснувања едноставно се несоодветни. Речиси 60% од информациите за НЛО, се од САД. А ако се земат во предвид сите приказни на оваа тема, споменатата бројка расте до 72%.
А и најголемиот инцидент со УФО е повторно во САД – падот на непознат објект во Росвел во 1947 година. Тогаш е воспоставен проектот “Сина книга”. За 20 години експертите анализирале вкупно 12 618 случаи на појава на НЛО, што воопшто не е малку.
Независно од трендот по секоја цена да се претставуваат како природни феномени, сепак 701 случаи не постои научно објаснување. Но во 1970 година мистериозно проектот е повлечен. Резимето на комисијата било такво: ниту еден од проверените случаи не сведочи за закана за националната безбедност на САД.
На најочигледното место
Повеќето американски уфолози сметаат дека НЛО работат за безбедноста и напредокот на САД. Ако се проанализира технолошкиот напредок во овој период сите ќе останеме вчудовидени од забрзувањето на нештата.
Уште во 60-тите години се појави верзијата, според која дојденците имаат склучено договор со Американците. Во замена за обезбедени бази и дозвола за истражување на голем број луѓе и животни вонземјаните ќе ја консултираат и инструираат владата на САД во различни области на науката. Конспиролози сметаат дека е можно дојденците да ја презеле американската влада под контрола и постепено да го реконструираат светот “за свои потреби”.
Приврзаниците на теоријата за заговор со вонземјаните сметаат практично за докажано дека во САД кон крајот на 40-тите години е оформена група на високи чиновници наречена “Мажестик 12”, која остварува интеракција со вонземјани. Првично таа се контролираше лично од претседателите, но Двајт Ајзенхауер беше последниот, посветен во овие тајни.
Базите на дојденците се расфрлани низ напуштени области во САД, Австралија и Јужна Африка. Обично тоа се подземни структури, маскирани однадвор во форма на тајни воени објекти. Во различно време како гости на Белата куќа (или амбасадори во САД) живееле десетици хуманоиди.
Во 1989 година, поранешниот соработник на тајните служби Вилијам Купер објави документи во кои се спомнува групата “Мажестик 12” и некои нијанси од договорот со вонземјаните.
Дојденците биле обвинувани за кражба на илјадници Американци, жестоки експерименти над луѓето и животните и подготовка за освојување на власта. Владата било обвинувана дека не се спротивставува на дојденците.
Американците создадоа бројни комисии, долго ги изучуваа документите за “Мажестик 12” и дури допуштија уфолози на некои објекти. Резултатите се покажаа неинтересни. Воените бази биле токму таму каде што било наведено, но остатоци од НЛО и детали од конструкции немало. Остатоци од хуманоиди не биле пронајдени.
Американските уфолози тврдат дека подготвеноста на Владата да зборува за проблемите на НЛО е трик, создаден да ја одвлече јавноста од заговорот што е на дело. Се наметнува на Американците од детството да имаат слика на чудно зелено човече од летачката чинија. Зашто е добро познато: ако сакаш добро да сокриеш нешто, стави го на најочигледниот место.
Рептилоиди во дворот на Обама?
Познатиот уфолог Скот Јуринг оди прилично далеку во сомнежите. Според него дојденците не само што соработуваат со Владата, туку и ја контролираат. Особено сегашниот претседател Барак Обама…
извор:мегавселена.ком
Во вториот дел ќе читате за обидот на Кенеди да се спротивстави на вонземјаните и за борбите во воените бази во кои животот го загубиле десетици командоси…Секој објект во воздухот кој очевидец не е

Пронајдете не на следниве мрежи: