…Првото НЛО летало се појавило во близина на идниот сопственик на Белата куќа на 1 ноември 2008 година во Колорадо на една од предизборните активности. Потоа Јуринг забележал вонземјани на 20 јануари 2009 година во Вашингтон, за време на инаугурациониот говор на новоизбраниот претседател. На 9 декември истата година НЛО се појавило на небото над Норвешка, каде Обама ја добивал Нобеловата награда за мир. Потоа чуден диск се појавува во воздухот за време на церемонијата на инаугурацијата во 2013 година Сите овие случаи се забележани од објективот на камерите. Премногу „случајности“ за еден претседател.
И конечно, на сајтот на Јуринг се појави запис од говорот на Обама за време на минатогодишната конференција на Американско-израелскиот комитет за јавни врски. Вниманието на уфологот го привлекол телохранителот на Обама. Тој постојано во еден ритам ја вртел главата од една страна на друга, скенирајки ја салата. Неговото тело било апсолутно неподвижно, се движела се само главата, што е карактеристично само за рептилиите. Черепот му бил со необична форма со некарактеристични за човек јаболчици и вилица. Освен тоа во инфрацрвениот спектар овој телохранител изгледал како температурата на телото му и е доста под човечката. Јуиринг веднаш го нарекол бизарно телохранителот – рептилоид.
Според податоците на американските уфолози Владата на САД има примероци на 17 вида хуманоиди, кои престојувале на Земјата во различно време. Меѓу нив има и т.н.. рептилоиди. Овие суштества често се појавуваат во античката митологија и средновековните легенди. Тоа е каста на суштества кои се обидуваат да управуваат со луѓето.
Интересно е зошто се појавува токму овој рептилоид? На снимките и фотографиите тој се гледа добро и дури најгласните скептици нема да се осмелат да тврдат дека таква надворешност не привлекува внимание. Но сите присутни седат, без да го забележат. Јуринг смета дека рептилоидот е маскиран со технички средства.
Американскиот уфолог заклучил дека ги разобличил заговорниците благодарение на можноста на новата дигитална камера “Сони”, со која има поинаква снимка. Можностите на таквата техника доста ги надминуваат способностите на човечкото око. Така е овозможено да се види она што никој не би требало да го види.
Имало и судири со вонземјаните
Впрочем уфолозите тврдат дека не само претседателот Обама соработува со НЛО, и дека САД не се единствената земја. СССР исто примал амбасадори вонземјани.
Првиот договор со вонземјани, по наводи на Купер, завршил со борба во една од тајните бази во 1950 година. Вонземјаните ја надминале “квотата” за човечки материјал според договорот, а луѓето ги користат и за “резервни делови”.
Генотип на хуманоиди е толку истрошен што без човечки биоматеријали веќе не се способни за репродукција. За индиректен доказ за оваа чудна теорија на заговор се смета огромното доселување во повоена Америка на поранешни нацистички џелати на медицината, кои научиле многу во концентрационите логори.
Американската војска во тие години уште ја загубила љубовта и патриотизмот во најдобрата смисла на овој збор и се обиделе да ги истераат гостите. Заземањето во базата S-4 во пустината на Њу Мексико завршила со губење на неколку десетици командоси, но дојденците биле поразени. Тоа ги натерало не само да ги намалат апетитите, но и да започнат програма за освојување во владините институции.
Во 1955 година ген. Даглас Мекартур изјави: “Следниот војна ќе биде меѓупланетарна … Државите треба да формираат заеднички фронт против дојденците од други планети.” Генерал Џорџ Маршал по повлекувањето од должноста државен секретар признал: “Властите знаат за фактот дека летечки чинии имаат донесено на Земјата посетители од вселената и оние гости, пред да се приземјат и да воспостават контакт, се обиделе да изработат метод за живеење во нашата атмосфера “.
Но постепено иницијативата поминала кон ЦИА. Според конспиратолозите оваа тајна служба склучила договор со дојденците и им дозволила цврсто да се населат во Америка. За финансирање на изградбата на огромни бази и скапи применети истражувања одел профитот од јужноамериканската дрога, кој е контролиран од ЦИА.
Последниот претседател, кој се обидел да го стави под контрола соработката со дојденците, бил Џон Кенеди, чија смрт се совпаднаа со ветувањето за објавување на некои тајни документи.
Следните жители на Белата куќа веќе пливале по течението, лишени од реални информации на ЦИА и “Мажестик 12”.
Извор: мегавселена.ком
Ако го пропуштивте првиот дел, еве го линкот:
https://puls24.mk/mislenja/izdvojuvame/vonzemjani-go-obezbeduvaat-amerikanskiot-pretsedatel-prv-del…Првото НЛО летало се појавило во близина на идниот с