Вооружено и маскирано лице синоќа околу 22 часот извршило грабеж во аптеката Зегин што се наоѓа на улицата „Питу Гули“ во охридската населба Горна влашка маала.Според изјава на очевидци, разбојникот влегол во аптеката и под закана со пиштол од вработените побарал да му ги дадат парите од прометот, притоа уверувајќи ги дека нема да ги повреди.
Откако ги собрал парите од прометот, напаѓачот влегов во бел автомобил со скопски регистарски таблички што го чекал пред аптеката и заминал во непознат правец.
Од полицијата од СВР Охрид го потврдија случајот без да дадат детали за околностите како се случил грабежот. Во тек е увид. Според изјава на очевидци, разбојникот влегол во аптеката и под закана со пиштол од вработените побарал да му ги дадат парите од прометот, притоа у