Вооружена група од Косово тргнува кон Македонија

Како што пренесе Нетпрес безбедносната ситуација во регионов станува се понапната. Можни се инциденти од поголеми размери… 
 
 
Вооружена група граѓани од Косово ги врши последните подготовки пред преминувањето на границата на Македонија, за да ги измери своите сили со македонската полиција, објавува косовската новинска агенција „Presheva jone“ (Наше Прешево).
Во публикуваниот текст на овој косовски медиум се вели дека групата граѓани од Косово, вооружени до заби, се на пат кон Куманово, и дека се „заколнале дека нема да се вратат назад без ослободување на членовите на Групата Куманово“, на кои македонскиот суд им им изрече казна од вкупно 746 години затвор.
Битката за ослободување на осудените лица не се знае точно кога ќе започне, но проширена е како идеја, тоа да се случи утре во утринските часови, се наведува во објавената вест.
Ние во оваа прилика само ќе прашаме зошто ваква бура на реакции во Косово? Нели ова биле напи сограѓани? Зошто пресудата за терористите кои убија 8 полицајци волку ја вознемирува соседната држава? Какви планови стојат во позадина?
 
 
  
 
 

Пронајдете не на следниве мрежи: