Воз излета од шини во Шпанија- дваесетмина загинати

Најмалку дваесет лица загинаа денеска, откако од шините излета патнички воз со над 200 патници, во близина на главниот град на шпанскиот автономен регион на Галисија, Сантијаго де Компостела.Весникот “Voz de Galicia” го објави инцидентот според сведоштвата на очевидци, пренесува Ројтерс, додавајќи дека портпаролот на  регионалната влада потврдил дека несреќата се случила, но тој не можел да даде повеќе информации.
„Сето тоа се случи толку брзо. Тоа изгледаше како возот на кривината да почнува да се вовлекува и вагоните почнаа да “се редат” една врз друга. Многу луѓе беа заробени на дното на вагонот. Се обидовме да ги извлечеме, но видовме дека вагонот е во пламен “, изјави патникот Рикардо Mонтеско за една радио станица.
Дури тринаесет вагони излетале од патеката, а четири се превртеле, додека во еден вагон избувнал пожар, пренесува BBC, додавајќи дека спасувачите се обидуваат да ги извлечат преживеаните од превртените вагони.
Возот се движел во правец Мадрид -Ферол (град во северозападна Шпанија).
Некои сведоци тврдат дека слушнале силна експлозија пред возот да излета од шините, според Итар-Тас, додавајќи дека се истражуваат причините за несреќата.Весникот “Voz de Galicia” го објави инцидентот според сведоштвата на очевидци, пренесува Ројтерс, додавајќи дека портп

Пронајдете не на следниве мрежи: