Минатата недела, родителите на едно 3 годишно момче се јавиле во полиција за да го пријават како исчезнато. Момчето се изгубило кога било во библиотека со неговата мајка во близина на Сан Франциско.Мајката била очајна и веднаш ја повикала полицијата. Тие веднаш ги информирале надлежните органи и објавиле порака за исчезнувањето на детето.
Таа порака ја видел и Tim Watsan, возач на автобус, кој и самиот е татко на две деца. После еден час, го приметил детето во автобусот кој се возел со некој постар човек, кој одговарал на описот.
Tim најпрво помислил дека се работи за случајност, но подоцна приметил дека детето плаче и сватил дека се работи за киднапираното дете.
За да биде сигурен дека се работи за истото дете, морал да смисли план и да размисли што да прави за да не му избега човекот.
Го сопрел автобусот покрај патот и ги прашал сите патници дали виделе зелен ранец. Притоа се приближил до детето и човекот и веќе бил сигурен дека се работи за истото дете по кое се во потрага.
Веднаш ја повикал полицијата и веќе на наредната станица тие биле таму.
Кога Tim застанал со автобусот, полицијата го привела човекот кој го киднапирал момчето.
Кога Tim сфатил дека правилно постапил и дека го спасил малото дете, очите му биле насолзени:
„Тоа можеше да им се случи и на моите деца. Мислам дека го направив тоа што секој татко би го направил.“
Мајката била очајна и веднаш ја повикала полицијата. Тие веднаш ги информирале надлежните органи и објавиле порака за исчезнувањето на детето.



