четврток, 12 ноември 2026
Најново

Возач тешко повреден во Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Возач на патничко моторно возило бил потешко повреден во една од вкупно 12 сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообрачајки полесно се повредени шест лица, а во шест незгоди била причинета материјална штета.Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеснаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, петмина поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи за непрописно престигнување. Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и 14 лица пред да се стекнат со право на управување на моторно возило. Затекнати биле 83 непрописно паркирани возила.
Со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 81 возило.
Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќај“, Одделението за превенција ќе одржи едукативна работилница со учениците од второ и четврто одделение во ООУ „Крум Тошев“ во Трубарево, општина Гази Баба.Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеснаесет возачи се движеле со брзина поголема

Поврзани вести