Поголем дел од возачите во Формула 1 се против нoвиот систем на квалификации кои треба да почнат да се применуваат од првата трка за Големата награда на Австралија.Светска автомобилистичка федерација (ФИА), кон крајот на минатиот месец донесе одлука за промена на начинот на квалификациите, но последните денови има најави дека примената би можела да биде одложена, барем до петтата трка оваа сезона.
Според предлогот, квалификациите ќе се возат во три фази.
Првата ќе трае 16 минути, втората 15, а третата 14. По седум возачи (најспорите) ќе бидат елиминирани по првите две фази.
Во последната фаза ќе се тркаат само осум возачи. На одреден интревал во третата фаза ќe бидат елиминирани поспорите возачи и на крајот ќе останат двајцата најбрзи кои ќе се борат за пол позицијата.
Возачите сметаат дека новиот систем е компликуван за нив, па и за навивачите.
Шампионатот во Формула 1 оваа сезона ќе стартува со трката за ГН на Австралија што ќе се вози на патеката „Алберт парк“ на 20.март.Светска автомобилистичка федерација (ФИА), кон крајот на минатиот месец донесе одлука за промена на начинот на квалификациите, но последните денови