Продолжува истрагата за сообраќајната несреќа во Турција кога туристички автобус од Македонија во сопственост на скопската фирма „Бога транспорт“ со скопски регистарски таблички удрил во камион со приколка, во близина на градот Малкара.Во притвор се двајцата возачи, на автобусот и на камионот. Македонското МНР, амбасадата во Анкара и конзулатот во Истанбул се во постојана комуникација со турските надлежни власти.
Во несреќата загина 45- годишен жител на Струмица, а беа повредени 38 патници, од кои 5-мина потешко.
Денеска дома се враќаат речиси сите патници од автобусот. Во болница има уште три лица, од кои двајца според сознанијата вечерва ќе бидат пуштени од болница. Жената на која ѝ била направена операција ќе биде задржана.
Некои од патниците тргнале со организиран превоз со комбиња, а други чекале блиски да ги земат со автомобил.
Вчера возачот на втобусот дал изјава во полиција по што е задржан во притвор, каде ќе остане до судењето. Турските медиуми пишуваат дека по увидот е утврдено дека тој е виновник за несреќата, односно дека возел над дозволената брзина и со десната страна на автобусот се забил во камионот што возел пред него.Во притвор се двајцата возачи, на автобусот и на камионот. Македонското МНР, амбасадата во Анкара и конзулатот во Истанбул се во постојана комуника