Абу Даби е главен град и втор најголем град во Обединетите Арапски Емирати. Се состои од бројни крајбрежни острови, во внатрешните граници го обиколува Дубаи, а во многу мал дел се граничи со Ал Шарџа. Градот лежи на остров во Т-форма во Персискиот залив од страна на централниот западен брег. Се простира на површина од 67.340 км2, а во него живеат 859.749 жители.
Најверојатно, првото име било Ду Даби, со значење „поседување елени“. Зборот „Ду“, веројатно бил отфрлен, бидејќи се смета дека е премногу тежок или не се поклопува со идиомот на локалниот дијалект.
Во старите времиња, Абу Даби бил наречен „милх“ (арапски збор за „сол“), веројатно затоа што, градот се наоѓа покрај солена вода. Сепак, денес тоа е име на еден остров во близина на брегот на градот.
Во 1791 година откриле извори на вода за пиење на местото каде што е градот Абу Даби и во 1795 години таму ги изградиле своите штабови.
За градот е врзана една прекрасна легенда. Арапите-ловци од една оаза бркале газела. Газела долго трчала во пустината, а потоа го довела ловците на на брегот на Персискиот Залив, каде се нурнала во водата и продолжила до островот. Ловците ја следеле, а газелата ги довела до извор на прекрасна слатка вода. Со благодарност, ловците газелата ја оставиле да живее, а во околината на изворот, се населиле и местото го нарекле „татко на газела„ што на арапски звучи како Абу Даби.
Климата во Абу Даби е сува и жешка. Сонцето и синото небо се типични за сите периоди од годината. Периодот од април до септември е влажен, со високи температури, чиј просек е над 40 степени . Во тоа време, можна е и појавата на песочни бури, при што намалувањето на видливоста е и до неколку метри.
Главниот економски центар е во северниот дел од градот, каде се наоѓаат неколку административни и финансиски центри, во населбата Корниш. Во овој дел од градот се изградени високи облакодери, а населбата е наречена „Менхетен на Блискиот исток“. Остатокот од градот се вили на богатите жители на градот.
Еден од поинтересните работи кои мора да ги посетите во Абу Даби е и „Светот на Ферари“. Богатите шеици од Обединетите Арапски Емирати го изразија своето воодушевување од познатиот автомобилски бренд и нивната трофејна историја во Формула 1. Тие дел од пустината ја претворија во возбудлив забавен парк во којшто посетителите можат да ја реализираат страста кон автомобилизмот преку бројните атракции сместени под препознатливиот покрив со логото на Ферари.
За околу 50 евра ќе добиете дневна влезница со која можат да користат која било од големиот број луди возења, кино сали, примероци од старите модели на Ферари и многу други работи.
Абу Даби е град коишто се уште е во развој, а нуди прекрасни, хотели и плажи, многу луксуз, забава и авантура која никогаш нема да ја заборавите. Затоа без размислување одбележете го на картата како место кое вреди да го посетите.Абу Даби е главен град и втор најголем град во Обединетите Арапски Емирати. Се состои од бројни крајбрежни острови, &n