ВОЗЕЊЕ ВО ЗИМА: 5 трикови кои ќе им помогнат на сопствениците на автомобили!

Ладното време и снегот сигурно ќе имаат влијание и врз автомобилите. Луѓето обично наутро брзаат на работа или имаат други обврски, па сигурно никому не му паѓа на памет да помине половина час чистејќи го автомобилот.За да го избегнете тоа, испробајте ги следните трикови:
Замрзната шофершајбна
Никој не го сака стругањето на мразот од шофершајбната, посебно не кога треба набрзина да се отиде некаде. Избегнете го утринското смрзнување така што вечерта пред да одите некаде наредниот ден, ќе ја истриете шофершајбната со црвен кромид – овој мал трик ќе го спречи формирањето мраз на стаклата од автомобилот.
Залепени бришачи
Потопете мека крпа во чист алкохол и избришете ги бришачите. Алкохолот ќе го спречи лепењето на бришачите за стаклото и така тие ќе функционираат правилно и во најладните денови.
Брава прекриена со мраз
Постојат неколку трикови со чија помош можете многу брзо да ја одмрзнете бравата на вашиот автомобил. Прв: загрејте го клучот и полека ставете го во бравата. Друг трик е да користите сламка и директно да „дувате“ во бравата. Топлината на вашиот здив би требало за кратко време да ја одмрзне бравата.
Замаглена шофершајбна
Ладното време често значи и константно мачење со замаглените прозорци и шофершајбна, што може да биде и прилично опасно. За брзо да се ослободите од овој проблем, користете сунѓер за бришење на училишна табла. Покрај тоа, спуштањето на прозорецот и дозволувањето на свежиот воздух да влезе во автомобилот, исто така ќе ви биде од голема помош.
Замрзнати ретровизори
За да го спречите формирањето на мраз на ретровизорите, навечер покривајте ги со пластични ќеси (буквално завиткајте ги ретровизорите со пластична ќеса) и прицврстете со ластичиња или штипки. Кога наутро ќе ги отстраните ќесите, на ретровизорите нема да видите ниту трага од мразот.За да го избегнете тоа, испробајте ги следните трикови:
Замрзната шофершајбна
Никој не го сака стругањето на мразо

Пронајдете не на следниве мрежи: