Возете безбедно за среќна Нова година

Како што изминуваат и последните денови од месец декември, сѐ повеќе сме обземени од празничната еуфорија која ја навестува најлудата ноќ во годината.Новогодишното славење започнува уште во претпладневните часови со претстави и приредби за најмладите, па оттука РСБСП потсетува на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ и уште еднаш апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат особено вниметелни и да ја приспособат брзината на движење, посебно во близина на пешачки премини, училишта, градинки и автобуски постојки. За нас, да ги сакаш децата значи да се грижиш за нивната безбедност во сообраќајот.
Овие празнични денови, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, најголем акцент става на возењето под дејство на алкохол во текот на дневните, „афтерворк“ забави на 31 декември, како и за време на славењето на самата новогодишна ноќ. Немојте да пиете и да возите! Ова се нагласува секоја година, но возењето во пијана состојба и понатаму е огромен проблем со кој за жал секојдневно се соочуваме. Доколку решите да седнете зад воланот, избегнете го алкохолот. Бидете совесен и свесен шофер.
Запомнете! Кога возите под дејство на алкохол, не само што го кршите законот, кршите и човечки живот и нечие срце.
Само една испиена чашка алкохол може да влијае на вашите возачки способности
Најдобрата превентивна мерка која можете да ја преземете доколку сакате да избегнете возење под дејство на алкохол е да направите план на вашите дневни активности. Така однапред ќе знаете што да очекувате од денот кој претстои, дали ќе продолжите на прослава, каде ќе одите и дали таму ќе се служи алкохол.
РСБСП споделува неколку добри совети кои се поврзани со директно учество во сообраќајот и истите ќе ви помогнат безбедно да се вратите дома после добро поминатата новогодишна ноќ. Прочитајте ги во продолжение.
Возете одговорно. Ако сте во можност, избегнете да возите за време на предновогодишните прослави и за новогодишната ноќ. Ако сепак не можете, „бидете на штрек“ и прилагодете ја брзината со која возите. Намалете го гласот на радиото, не пишувајте пораки и не зборувајте на вашиот телефон додека возите. Бидете посебно внимателни кога возите во центар на град, во близина на кафулиња, барови или ресторани каде што фрекфенцијата на други учесници во сообраќајот е зголемена.
Користете јавен превоз. Јавниот гратски превоз е уште една од можностите кои ви се на располагање за пријатно претпразнично расположение и можност да се опуштите и целосно да уживате во прославувањето.
Земете такси. Пред да излезете од дома, меморирајте број од такси компанија во вашиот мобилен телефон. Такси компаниите работат 24 часа. Можеби ќе треба да почекате за слободно возило, но во секој случај, подобро е да почекате неколку минути, отколку да го ризикувате вашиот и животот на другите луѓе со возење под дејство на алкохол. 
Изберете трезвен возач. Испланирајте однапред и изберете со вас да дојде доверлив пријател кој ќе биде трезен и ќе може да вози. Ова значи дека ќе може да се опуштите и да уживате без да се грижите за својата и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот на пат до дома. Направете договор и менувајте се секоја година.
Преспијте. Разгледајте ја можноста да останете да преспиете таму каде што ќе ја славите новогодишната ноќ. Така ќе ја избегнете можноста да учествувате во сообраќајот и ќе си дозволите да се напиете колку што сакате, без да се грижите за возењето.
Бидете сигурни дека со вас секогаш ја имате потребната зимска опрема, држете соодветно растојание и запомнете: во зима времето на сопирање на автомобилот е за 50% подолго, отколку во нормални услови.
Останете во група. Ако прославувате во кафулиња и ресторани, останете со вашата група и бидете свесни и претпазливи за оние околу вас. Кога ќе планирате да си одите дома, направете го тоа само ако сте во група со други луѓе. Во тој случај, ќе можете меѓусебно да внимавате еден на друг за вашата взаемна безбедност.Новогодишното славење започнува уште во претпладневните часови со претстави и приредби за најмладите, па оттука РСБСП потсетува на кампањата &bdquo

Пронајдете не на следниве мрежи: