Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Битола, Ресен и на планинските премини Буково и Ѓавато, информираат утрово од Автомото сојузот на Македонија.Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасоч