Една жена е обвинета за вештерство, па поради тоа беше врзана, измачувана и запалена пред стотици сведоци во Папуа Нова Гвинеа, соопшти полицијата во петок.Ова е последно од редицата убиства поврзани со гатачките кај оваа Јужнопацифичка нација.Меѓу луѓето кои гледале, имало и многу деца, а некои дури и фотографирале како е измачувана жената, во средата.Фотографиите биле објавени на насловната страница на најголемиот весник, The National and Post-Courier, додека премиерот, полицијата и дипломатите го осудија убиството.Во селскиот дел на Папуа Нова Гвинеја, вештерството често е казнувано, ако гатачката која се обидува да помогне, не успее, па се случи некоја несреќа.Вештерството отсекогаш постоело во ова општество, но во последните години се зголеми бројот на казнети вештерки.Кепари Лениата, 20-годишна мајка, беше обвинета за гатање од роднините на 6-годишно момче, кои починало во болница ден претходно.Таа била мачена со врело железо, полеана со бензин и запалена врз куп стари автомобилски гуми и фрлена во планините, вели портпаролот на полицијата.Заменикот комесар на полицијата ги осуди истражителите затоа што не успеале да уапсат никого од присутните на овој грозоморен чин.
МакфаксЕдна жена е обвинета за вештерство, па поради тоа беше врзана, измачувана и запалена пред стотици сведоци во Папуа Нова Гвинеа, соопшти полиц