На Интернет се појави фотографија, која навистина ја вознемири јавноста и беше мета на низа негативни коментари.
Се работи за фотографија од дете на осум годишна возраст кое пуши цигара и на себе носи автоматска пушка АК-47. Оваа слика ја прикажува моменталната ситуација во Сирија, која ќе влијае на иднината на идните генерации во тој дел.
Ова осум годишно дете има навистина страшна судбина, бидејќи неговите родители се убиени во некоја напуштена уличка од бунтовниците.
Дете сега го има својот чичко за старател, кој колку и да се обидува не може да го спаси од канџите на војната во Сирија. Таму моментално секој втор човек, без разлика дали се работи за дете од 7 години или старец од 77 години, носи некакво оружје со себе.
Во Сирија, времето како да застанало, опишува чичкото на ова детенце. Тој вели дека децата не одат на училиште, нема никаков распоред кој покажува дека во оваа земја може да се води нормален живот како на секое друго место.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.На Интернет се појави фотографија, која навистина ја вознемири јавноста и беше мета на низа негативни коментари.