Во текот на натпреварот од 4. лига, помеѓу локалниот клуб Конкордија и Рух, во саботата навечер, започнала тепачка помеѓу навивачите, а на теренот биле фрлени разни пиротехнички средства и тврди предмети.Кога судијата одлучил да го прекине мечот, на теренот влетале 50-тина навивачи на Конкордија, кои сакале да ги нападнат гостинските фудбалери.
Полицијата најпрво пукала во воздух, а потоа со гумени куршуми и во хулиганите на теренот.
-Врз полицијата биле фрлени разни предмети и тие реагираа, меѓу другото и со гумени куршуми. Еден од хулиганите е ранет во вратот и префрлен во болница. Од таму подоцна нѐ известија дека тој починал, изјавил за полската телевизија ТВН24 портпаролот на полицијата во Катовице Анџеј Гоноска.
Овој 27-годишен навивач искрварил по доаѓањето во болница, а поради него се собрала група од преку 100 хулигани кои ја нападнале полицијата.Кога судијата одлучил да го прекине мечот, на теренот влетале 50-тина навивачи на Конкордија, кои сакале да ги нападнат гостинските фудбалери.