Вознемирувачки фотографии: Исламистите фрлија тинејџер од покрив

Убиен е тинејџер во Египет. Исламистичка толпа го фрлила момчето од врвот на покривот на една зграда и додека лежел на подот го тепале се до неговата смрт.
Според локалните медиуми, младото момче идентификувано како Хамада Бедр (19), и тројца негови пријатели се снимени на камера како се криеле од поголема група членови на Муслиманското братство кои ги бркале на терасата од зградата во Александрија.

На видеото кое било снимено од мобилен телефон спроти зградата се гледа како четирите момчиња бегаат од групата за време на насилните протести во петокот. Насилната група најверојатно ги бркала до покривот, кога момчињата успеале да се качат на структурата, по што групата ги опколила.

Таткото на едно од момчињата изјавил дека тие биле надвор за да го прослават истерувањето на исламистичкиот лидер Мухамед Морси, кога биле пресретнати од групата поддржувачи на Морси. По размената на навреди од двете страни, припадниците на Муслиманското братство би присилиле момчињата да влезат во зградата во која се случил грозоморниот чин.Убиен е тинејџер во Египет. Исламистичка толпа го фрлила момчето од врвот на покривот на една зграда и додека лежел на

Пронајдете не на следниве мрежи: