Тешкиот фустан ја влечел несреќната девојка на дно. Да не бил сопругот, невестат сигурно ќе се удавела.Млад брачен пар од Либан сакал да се забавува на својата свадба, па младенците во еден момент се фатиле за рака и скокнале во базенот кој се наоѓал во хотелот каде што славеле.
Тогаш почнал хоророт. Венчаницата која се натопила од водата, станала претешка и почнала да ја влече кон дното. Девојката почнала да паничи и да се граби кон површината, но фустанот се повеќе ја влечел кон дното. Сватовите кои воодушевено аплаудирале не сфатиле каква драма преживуваат младенците.
Сопругот се обидел да ја одржи сопругата на површина, но и двајцата би се удавиле доколку еден од сватовите не сфатил што се случува и им дал стап за кој невестата се фатила.
Не е познато каде точно било снимено видеото, но до сега го погледнале повеќе од десетина илјади луѓе. Сите по ред коментирале дека е лудост можела овој најсреќен ден да им го претвори во најголема трагедија!
Млад брачен пар од Либан сакал да се забавува на својата свадба, па младенците во еден момент се фатиле за рака и скокнале во базенот кој се наоѓал
Пронајдете не на следниве мрежи: