После минати цели 17 дена, од одредените 30 според казната за која што одлежувал во затворот Macomb Country Jail, во Детроит, 32-годишниот Давид Стојчевски умира сосема гол, како куче, во крајно нехумани услови.Давид Стојчевски, кој што е син на македонски иселеници, инаку пекари по занимање, умира во затворот Macomb Country Jail во Детроит, гол, како куче, без никаква пружена медицинска помош, откако после само 17 дена, ослабел цели 25 килограми. Тој бил казнет поради непрописно возење со казна во висина од околу 750 долари, која што тој не можел да ја плати, па добил казна затвор во времетраење од 30 дена.
Давид бил зависник од метадон, во обид да се рехабилитира од хероин. На вознемирувачкиот видео запис се гледа како тој почнува да се однесува чудно и халуцинира, но сепак никој не доаѓа да го премести во детокс-келија. Го префрлаат во келија на набљудување, како лабораториско глувче, со цел да не се самоубие, откако влегува во тепачка со останатите затвореници. Претходно пак затворениците му ја јадат храната, додека тој се крие под креветот бидејќи не може да ја поднесе светлината.Во затворската ќелија во која што престојувал Давид на затворениците не им било дозволено да носат облека поради сопствена безбедност, а како што може да се забележи, неговото тело минува низ контракции, додека лежи на ладниот цемент во келијата, сè додека да настапи смртта.
Сега, семејството на Давид, тврди дека тој бил потполно занемарен и оставен без помош, иако бил постојано надгледуван додека престојувал во затворот, и сакаат видео записот да го погледне буквално целиот свет со цел да се спречи уште еден ваков немил настан во иднина.
Случајот со Давид Стојчевски се појави во јавност дури откако семејството поднело тужба против државата, при што тие тврдат дека надлежните затворски службеници не реагирале соодветно, ниту пак хумано.
Давид Стојчевски, кој што е син на македонски иселеници, инаку пекари по занимање, умира во затворот Macomb Country Jail во Детроит, гол, како куче