ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Објавена снимка од линчување на лажно обвинета Авганистанка!

Фаркунда Маликзади била убиена во март годинава и тоа поради лажно обвинение дека го запалила Куранот. Истрагата на авганистанските власти дошла до заклучок дека нема докази дека навистина го запалила Куранот.Според тврдењето на нејзиното семејство, Фаркунда била религиозна и се подготвувала за студии за технологија на универзитетот во Кабул, пренесува Њујорк Тајмс.
Додека ја линчувале околу 300 мажи кои се однесувале како ѕверови подготвени да го растргнат својот плен, полицајците стоеле на страна и гледале додека сето тоа се случувало во близина на претседателската палата.
Фаркунда за палење на Куранот ја обвинил еден продавач на амајлии пред храм во центарот на Кабул. Таа му кажала дека е измамник и шверцер на кондоми и вијагра, а тој во бес лажно ја обвинил за злосторството кое во таа земја се третира како сериозно.
Споменатиот продавач е еден од четворицата мажи осудени на смрт, бидејќи учествувале во овој брутален напад. Уште осум други мажи се осудени на 16 години затвор поради учествување во злосторството. Се покажало и дека обвиненијата на Фаркунда кон продавачот на амајлии биле вистинити.Стотина Авганистанци се собрале на погребот на Фаркунда во Кабул, откако се дознало дека била линчувана и дека не направила ништо противзаконско или неморално.Според тврдењето на нејзиното семејство, Фаркунда била религиозна и се подготвувала за студии за технологија на универзитетот во Кабул, пренесува Њ

Пронајдете не на следниве мрежи: