Канадската полиција во Торонто брутално го уби тинејџерот Сами Јатим (18) со дури 9 испукани куршуми за само 13 секунди.ТОРОНТО- Канадската полиција во Торонто брутално го уби тинејџерот Сами Јатима (18) со дури 9 испукани куршуми за само 13 секунди.
Инцидентот се случил во саботата, кога полицијата усмртила тинејџер во трамвај бидејќи држел нож во раката.
Свирепото убиство било забележано од страна на еден случаен минувач, а видеото кое беше поставено на „јутуб“ беше основа за протестите против полицијата во вториот канадски град по големина.
На снимката се гледа како полицајците се обидуваат да преговараат со момчето кое држело нож во раката. Се слуша како еден од полицајците му вели на Јатим да го фрли ножот. За некој момент полицијата влегува во трамвајот. Набрзо потоа се чуле три пукотници, а неколку секунди подоцна уште шест. Тинејџерот им подлегнал на раните. Убиството на момчето предизвика бес во јавноста поради прекумерна и непотребна употреба на сила.
Поранешниот детектив Марк Менделсон изјавил дека не е тешко да се заклучи дека полицајците употребиле прекумерна сила и дека поради тоа ќе треба да одговараат.
„Видео снимката не лаже. Покрај него убиството го забележала и сигурносната камера, а постојат и бројни сведоци на полициската бруталност,“- изјавил поранешниот детектив.
Заради убиството на тинејџерот во Торонто вчера протестираа повеќе од стотина граѓани, кои посакуваат крај на полициското насилство и правда за Јатим. Од друга страна шефот на полицијата во Торонто изјавил дека е покрената истрага, но дека не ја погледнал видео снимката. Потпаролот изјавил дека полицаецот кој го ибил момчето е суспендиран.ТОРОНТО- Канадската полиција во Торонто брутално го уби тинејџерот Сами Јатима (18) со дури 9 испукани куршуми за само