Вознемирувачко видео: Полицијата во Египет убива невооружен демонстрант!

Снимката која го обиколи светот е доста вознемирувачка која го покажува убиството на еден невооружен демонстрант во египетскиот град Исмајлија. Оваа снимка е направена со мобилен телефон, а новинската агенција Сторифул ја потврдила автентичноста на видеото, пренесува Дејли мејл.
Во еден од коментарите под снимката пишувало: „Ова е мојот пријател Ахмед Ахим. Тој беше еден од најдобрите луѓе што ги познавав. Беше инженер по комуникации, и имаше семејство, син и ќерка“.
Снимки од истиот настан снимени од други сведоци од различни агли исто така биле постирани на Јутјуб, Исмајлија е град на североистокот на Египет, јавува Ројтерс.
Немирите во Египет ескалираа, а многумина предвидуваат дека наскоро ќе започне граѓанска војна во оваа африканска земја. Оваа снимка е направена со мобилен телефон, а новинската агенција Сторифул ја потврдила автентичноста на видеото, пренесува Дејли мејл.

Пронајдете не на следниве мрежи: