ВОЗВРАТУВААТ СО САНКЦИИ КОН ЕВРОПА: Руските туристи ја бојкотираат Австрија, виенските хотели и бутици трпат големи загуби!

Хотелите со пет ѕвезди и елитните продавници се празни, а кочијашите пред Албертина жалат по големите бакшиш кои Русите им ги оставале минатата година.Кризата во Украина и санкциите кои ЕУ и ги воведе на Русија немаат само политички, туку и финансиски последици за Виена. Сопствениците на хотелите и елитните продавници во центарот на градот се жалат на големите загуби, бидејќи од оваа година бројот на руски туристи скоро е преполовен!
Според податоците на Стопанската комора на Австрија, руските туристи во 2013 година оставиле преку 60 милиони евра во Австрија. Во почетокот на оваа година, резултатите и тоа како се почувствувани.
„Во април и мај забележавме пад на прометот од дури 30%. Којзнае што ќе биде до крајот на годината“, се жали еден сопственик на бутик во центарот на Виена.
„Причина за тоа е намалениот број на руски туристи“, потврди виенската агенција за туризам „Wien Tourismus“.
Во периодот јануари-март 2014. бројот на ноќевања опадна за дури 22%. Намалениот број на руски гости посебно ги погоди хотелите со пет ѕвезди и елитните бутици во улицата Кертнерштрасе. Покрај украинската криза, и падот на рубљата е причина за намалениот број на посети. Имено, со падот на руската валута, летовите во еврозоната за Русите за третина се поскапени.
Руските туристи во Виена не важат само за богати поединци кои купуваат во скапите продавници, туку и за многу галантни гости кои оставаат голем бакшиш.
„Русите даваат многу кога оставаат бакшиш“, раскажа еден кочијаш пред Албертина.Кризата во Украина и санкциите кои ЕУ и ги воведе на Русија немаат само политички, туку и финансиски последици за Виена. Сопствениците на хотелите

Пронајдете не на следниве мрежи: