Деновиве во компанијата ДИК Фагус во Пехчево, вработените се соочуваат со невидени притисоци и закани од страна на сопствениците доколку на 11 Декември не гласаат за СДСМ, објави порталот Журнал.-Имено, загрижените вработени од компанијата која што брои околу 500 вработени се пожалија од притисоците кои секојдневно се вршат врз нив за потребите СДСМ односно за носителот на Изборната единица 3, Љупчо Николовски. Сопственикот на компанијата ДИК Фагус во Пехчево е по потекло од Штип и истиот е близок до СДСМ како и неговиот син кој што како што дознаваме е дел од стуктурите на СДСМ. Истиот сопственик на компанијата ДИК Фагус е сопственик и на фирмите Мебел инженеринг и Пеком инженеринг со седишта во Штип, пишува порталот.
За да биде иронијата поголема, носителот на Изборната единица 3 на СДСМ, Љупчо Николовски пред неколку дена објави фотографии од посета на компанијата ДИК Фагус во Пехчево.
-Како што дознаваме од загрижените вработени, посетата повеќе личела на предупредувања отколку да се запознае со проблемите и идеите на вработените. За ова скандалозно однесување на сопственикот на компанијата и Љупчо Николовски се известени и меѓународните претставници кои што ги следат случувањата во предизборниот процес се со цел да бидат спречени секаков вид на притисоци и закани со кои би се соочувале граѓаните, пишува Журнал.
Ова не е прв случај каде што гледаме злоупотреби на вработени од страна на СДСМ. Македонската јавност исто така беше запознаена од страна на медиумите за злоупотребите кои што Зоран Заев ги правеше врз администрацијата во Струмица за снимање на партиски спотови.-Имено, загрижените вработени од компанијата која што брои околу 500 вработени се пожалија од притисоците кои секојдневно се вршат врз нив за потре