Тимот на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија и оваа година ќе учествува на Скопскиот Wizz Air маратон, што ќе се одржи на 10 мај, 2015 година.Вработените во компаниите ќе трчаат со голема мотивација да ја завршат трката, зашто за секој истрчан километар на маратонците ќе се донираат 1.000 денари и доколку сите маратонци стигнат до целта, децата со Даунов синдром ќе добијат донација од 15.000 евра.
Тимот е составен од 112 вработени во компаниите, кои ќе трчаат на 42, 21 или 5 километри.
„Пред нас е голем предизвик, зошто од нас ќе зависи износот на донацијата што ќе го добијат децата со Даунов синдром. Но, тоа е и мотив повеќе да ја завршиме успешно трката. Веќе не станува збор само за лична сатисфакција, туку за еден предизвик за хуманост“ – изјави Александар Чекоров, вработен во Македонски Телеком, кој ќе трча 42 километри.
Слободанка Јакимовска Јосифовиќ, дел од маратонскиот тим додаде: „Не постои подобро чувство од тоа некому да се помогне, и иако постои позитивна трема во сите нас, сите сме силно решени да одиме до крај. Годинава сме и многу повеќе, па еуфоријата е уште поголема, и сигурна сум дека ќе стигнеме до целта и нема да ги разочараме децата“.
Мимоза Петревска Георгиева од Центарот за Даунов синдром се заблагодари за донацијата:
„Голема благодарност до сите маратонци и до Македонски Телеком и Т-Мобиле. Со донацијата ќе се креираат едукативни материјали со многу корисни информации потребни на семејствата, луѓето со Даунов синдром како и на експертските тимови кои се грижат за нив, што е многу важно за квалитетот на живот на овие лица. Во знак на поддршка на маратонците, дел од децата со Даунов синдром ќе ја трчаат трката на 5 километри“.
Центарот за Даунов синдром е непрофитна организација која постои од 2013 година со цел да ги идентификува проблемите и да понуди помош и поддршка на овие луѓе и нивните семејства кои многупати се маргинализирани. Донацијата ќе се искористи за едукативни материјали од областа на медицината и психологијата што ќе помогне не само за семејствата со деца со Даунов синдром, туку и за создавање на позитивен имиџ за овие лица во јавноста, што долгорочно треба да придонесе за успешно инокорпорирање во општеството и подигање на нивниот квалитет на живот.
Минатата година, тимот на Македонски Телеком и Т-Мобиле трчаше за донација на штитениците на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака“. Со донацијата во износ од 11 000 евра се реновираа и преадаптираа просториите на центарот, што овозможи многу повеќе лица со посебни потреби да го користат дневниот центар.Вработените во компаниите ќе трчаат со голема мотивација да ја завршат трката, зашто за секој истрчан километар на маратонците ќе се донираат 1.000