Вработување на 30 медицински сестри во штипската Клиничка болница

Штипската Клиничка болница доби согласност од министерствата за здравство и финансии за вработување на 30 медицински сестри, информираа на денешната прес-конференција двајцата директори на болницата.Економскиот директор на Клиничка болница-Штип, Елизабета Папарова вели дека огласот е објавен денеска во весниците „Вечер“ и „Лајм“.
– Оние кои сакаат да аплицираат веќе уште денес ќе можат да ги доставуваат документите, кои се бараат по објавата на огласот. Истиот ќе трае пет работни дена, што значи завршува во вторник, тоа е 25 октомври, затоа што се сметаат и испратените документи по пошта, кои ќе бидат испратени по пошта со датум од 24 октомври, понеделник, вели Папарова.
Таа додава дека по огласот ќе следи и тестирање на кандидатите кои ќе се пријават на огласот, по што ќе биде донесена одлуката за вработување на 30 лица, среден медицински персонал.
Медицинскиот директор на Клиничка болница-Штип, Александар Стојановски вели дека со новите вработувања ќе се пополнат местата кои се испразнија со пензионирање на средниот медицински персонал.
– Имаме и доопремување на одделенијата заедно со Министерството за здравство, како што е кардиолошкото, неврохирушкото, а сега почнуваме и со онкологија и размислуваме во таа насока. Затоа што сега завршува уште една наша колешка и по систематизација можеме да размислиме за посебно одделение, вели Стојановски.
Тој додава дека освен тоа што ќе се вработи нов кадар веќе се размислува и за нивна дообука и едукација за специфичните потреби на болницата.Економскиот директор на Клиничка болница-Штип, Елизабета Папарова вели дека огласот е објавен денеска во весниците „Вечер“ и „Лај

Пронајдете не на следниве мрежи: