Капацитетите на јавната администрација ќе се зајакнуваат со вработување на 100 најдобри студенти од јавните универзитети. За реализација на владиниот проект Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) подготви Предлог закон со кој се уредува начинот и постапката за вработување на студентите, а кој ќе се најде во владина процедура следната недела.-Според Предлогот, секоја година во август Владата ќе објавува оглас за вработување на сто најдобри студенти. Ќе може да се пријават сите заинтересирани кандидати кои во тековната година завршиле универзитетски студии и студиски програми кои се реализираат интегрирано низ првиот и вториот циклус на студии, информира денеска на прес-конференција заменик министерот за информатичко општетсво и администрација Тимчо Муцунски, пренесе МИА.
Стоте работни места ќе бидат распределни на петте најдобри јавни универзитети во Македонија, според последно објавената официјална ранг листа на високообразовни установи во Македонија. Предвиден е работен анагажман на 30 студенти од прворангираната домашна високообразовна установа, 25 од второрангираната, 20 од треторангираната, 15 од четврторангираната и 10 студенти од петто рангираната домашна високообразовна установа.
– Оваа мерка претставува сериозен стимул за најдобрите студенти кои се посветиле на образованието, што веруваме дека е клуч за успех во животот на секој поединец и капитал кој има долгорочна употребна вредност. Преку обезбедување сигурна егзистенција за младиот научен потенцијал му овозможуваме да ја гради својата иднина во Македонија, рече Муцунски.
За да добие работен ангажман дипломираниот студент ќе треба да помине административна селекција и да положи испит за административен службеник и тест на личност.
При административната селекција кандидатите можат да добијат најмногу 100 бода, од кои 70 од формално образование, најмногу 20 од меѓународно признати сертификати за познавање странски јазици и најмногу 10 бода од времето кое било потребно за кандидатот да ги заврши студиите. Доколку кандидатот студирал подолго ќе освои помалку бодови. При пресметката на бодовите од формалното образование главен критериум ќе биде просечниот успех со кој кандидатот ги завршил студиите. Дополнителни бодови ќе носат и освоени меѓународни награди, како и бројот на положени испити на студенти кај професорот кој има објавено повеќе од два меѓународни труда во меѓународни списанија од базата на Томсон Ројтерс, пренесе МИА.
– За да се обезбеди застапеност при вработувањето на сите образовни профили во постапката за вработување и при распределбата на работните места ќе се води посебна сметка работните места да бидат распоредени во рамки на сите научни подрачја, односно да се вработат најдобрите студенти од различните студиски програми, рече Муцунски.
Вработените сто најдобри студенти, појасни, понатаму ќе може да бидат распоредени во соодветните институции според научното подрачје во кое припаѓа факултетот кој го завршиле. Претходно институциите во своите акти за систематизација треба да ја имаат утврдено потребата за вработување таков профил на кадар.-Според Предлогот, секоја година во август Владата ќе објавува оглас за вработување на сто најдобри студенти. Ќе може да се пријават сите