ВРАЌАЊЕТО НА „Малите Луѓе“

Мораше во наводници, сепак јас не сум либерално елитистичко ѓубре. Тие таквите, тие кои мајка не ги родила или ако баш ги родила тоа го направила по 6 доброволни абортуси и 4 експериментални геј врски во студентските денови (педигрето во C.V. кога веќе си плод на љубов на црвени буржуи и имаш хроничен недостаток на сина крв во вените ), тие зборуваат за луѓето како стока, како комодитет за продажба и трговија. На тие таквите, кои малиот човек го употребуваат во навредлив контекст и пишуваат дисертации за што се треба да му се одземе, национализира, глобализира, што  е здраво а што не за него, и дали смее да гласа за нешто дали не, ТИЕ го поганат тој „мал човек“, и тоа со истите оние усти кои тој со својот труд им ги полни со храна. Кога пред 10-15 години Бил Гејтс се трудеше да ни „продаде“ вакцини за стерилизација како цивилизациски скок на човештвото, велевме далеку е, многу време треба да дојде до кај нас. Кога Ацо Поповски почна папагалски да повторува фрази од разочарани од Брегзитот либерални ѓубриња кои си земаа за право да продаваат адаптирана демократија во која правото на глас не се стекнува со полнолетство туку со додатни критериуми за луѓе од „пониските сталежи“, сфаќаш дека социјал демократијата и либерализмот се отидени у курац и алармот се пали. Инстинктот повеќе, за самоодржување, опстанок. „Малите луѓе“ сме сите ние драги мои, сите кои подобро или полошо а најчесто многу тешко живееме од сопствениот труд. Тие сме кои не гледаме во чинијата на тој до нас со прашање во себе со што заслужил ТОЈ неговата да е по полна. Тие сме кои се возиме со автобуси, бараме поефтини летни аранжмани, одиме на колективни пикници, другаруваме и комуницираме меѓу себе. Точно, и се караме и се смируваме, болуваме и се радуваме заедно. Во мравјалникот наречен планета Земја, упатени сме едни на други зошто сам знае да е многу сурово. Во тој суров свет за жал функционираат и сеништата кои одат во стелт режим меѓу нас, избегнувајќи непотребен и несакан контакт. За нив е во ред во кафуле да им донесеме пијачка, во дворот да им ја скастриме оградата, да им го измиеме автомобилот, да им ја исчистиме улицата, домот, се е во ред додека не посакате да седнете со нив на маса. Не е во ред ни на соседната маса- поради бучавоста. Не е во ред ни да имате мислење, кое априори би било глупаво и штетно за сите. Најмногу не е во ред да гласате. Тоа значи дека од вас зависи. А се беше во ред додека вашиот глас беше ефтин и можеше да се добие со манипулации и масовна хистерија проследена со медиумска пропаганда која целосно беше од нивна контрола. И тогаш дојде Свети Интернет великомаченик wi-fi. И светот се смени. Алатката за доминација на либералните глобалистички ѓубриња се сврте против нив. Им експлодира во рака. Турција и пучот ( што би рекле либералите Турското наместено Куманово ) јасно покажаа зошто им требаат што помалку „мали луѓе“ со што помалку привилегии. Го сакаат од нас неопходното, создавање на комодитет во кој тие ќе можат бесрамно да не експлоатираат а „избраните“ ќе можат да се посветат на себеси и сопствените суети и хедонизам. Не сметаа слободната воља, па сега да плачат по социјалните мрежи дека  таа е плацебо од некоја квазипропаганда на некоја невидлива сила или сила на која не сакаат гласно да и го изговорат името. Затоа сакаат планета од 500 милиони луѓе, 100.000 да уживаат а другите да им се класични робови. Заради ситуации како во Турција им требаат неинформирани, демотивирани роботи без слободна воља. Но човекот секогаш изненадува. Дали е тоа Божествена интервенција – не знам, знам само дека часовникот неповратно чука кон денот на будењето, денот кога маските ќе паднат а на тие што сопствениот комформизам го цицаат со цевче од вашиот рбет, ќе им одѕвони за крај. Народот, масата, обичните луѓе се рбетот на човештвото а не оние егзибиционисти со купен живот и ПР карактер. Не мамините синчиња и татините ќерки на кои пречките од патот во детството и младоста им ги тргале моќните загрижени родители. И логично е што не сакаат да гласаме, логично е што не сакаат да се лице в лице со нас зошто тоа е огледалото на нивниот медиокритет. Оние на кои ние им го ставаме лебот на маса, на кои им ги чистиме куќите по хедонистички теревенки, оние на кои им ги средуваме градините во големите зданија кои го хранат само егото а не и интелектот, тие драги мои не смеат да ве погледнат во лице. Истите тие сметаат дека сте полоши, помалку луѓе од нив па затоа и смислиле „специјален“ израз за вас, „малите луѓе“. Верувајте ми, нема ништо мало во вас. Дури и прагот на толеранција кон ваквите лефти либерални накази кои сакаат геј сликовници во прво одделение а плукаат по екстерно и математика, ви е голем. Вие, луѓето, токму вие го вртите светот, вие сте погонското гориво. Вие можете и да го смените. Онака како вам ви одговара. Се друго е глобалистички спин. Сега ве поздравувам и ви посакувам летово добро да се одморите како што и јас планирам и никогаш да не ја заборавате сопствената моќ зошто таа им пречи. Видовте дека против народ, против луѓе не може никој. Не и успеало ниту на Римската империја, ни на Отоманското царство а нема да им успее ниту на овие. Верувајте во себе, ја имате моќта, за сопствениот дом, мааало, држава и планета одлучуваме НИЕ и нема да дозволиме никој тоа да ни го одземе….
Убаво лето и се читаме кон крајот на август ( ако ми дојде инспирација нема да се воздржувам 😉 ) , до тогаш,
НЕКА НИ Е ЖИВА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и сите ние во неа…..
Алекс Ванко
писател,филозоф,аналитичар На тие такви

Пронајдете не на следниве мрежи: