Примената на Аркада методата за нехируршки третман на враснати нокти и и хируршки техники на мекото ткиво кај хронични случаеви на враснати нокти, како и потребата од едукација на пациентите за можните третмани за враснатите нокти, беа темите кои ги дискутираа 250 подолози од цела Европа на интернационалната конференција „Medical Podologу“ којa се одржа во Вроцлав, Полска. Предавачи беа присутни од Македонија, Германија, Италија, Шпанија, Чешка, Луксембург, Украина и Полска.„На покана на Адриан Аркада, кој е иноваторот на Аркада методот за нехируршкиот третман на враснатите нокти, на присутните колеги им пренесов дел од своето знаење и искуство за опциите кои може да ги примениме за да ги информираме и едуцираме пациентите за можностите кои ги нуди оваа метода, и да ја подобриме комуникацијата со пациентите, на креативен , модерен и уникатен начин. Во денешно време, неопходно е вистински да ги слушаме и да разговараме со нашите пациенти, да ја стекнеме и задржиме нивната доверба и да им помогнеме во решавање на нивниот проблем со успешен и ефикасен третман“ вели д-р Елена Арсова, медицински директор на 101 Clinic.
Освен теоретски предавања, специјалистите-подолози беа во можност на практичен начин да се запознаат со комплицирани случаи, како и да проследат за прв пат во живо новитети од методата.
„Драго ни е што на Балканот ја лансиравме методата во соработка со 101 Foot Клиниките, затоа што им помогнавме на многу пациенти во решавање на нивниот проблем со враснати нокти. Организацијата пак на конференцијата ни беше вистински предизвик но работевме со огромен ентузијазам и успеавме да донесеме подолози од цела Европа и да отвориме дискусија на многу теми од областа на медицинската подологија. Македонија ни е партнер во нашите проекти и во иднина ќе продолжиме да ги усовршуваме методите со кои на пациентите им го враќаме здравјето на ноктите i стапалата “ – истакна творецот на методот, Адриан Аркада од Полска.
Со Аркада методата пациентите имаат можност за третман кој веднаш им ја отстранува болката, им го исправува ноктот за само еден месец и со тоа трајно го решаваат проблемот, а нивниот болен нокт повторно ќе има природен и естетски изглед. Овој метод се применува во Полска, Чешка, Англија, Русија, Белорусија, Украина, Холандија, Данска, Италија, Шведска, Франција, Белгија, Грција. A благодарение на 101 Foot клиниките веќе некое време се применува и на Балканот. 101 клиниката како лидер на Балканот користи најсовремени дијагностички методи, ефикасни клинички докажани производи и напредни технолошки достигнувања во третирањето на проблемите со коса, стапала и кожа.„На покана на Адриан Аркада, кој е иноваторот на Аркада методот за нехируршкиот третман на враснатите нокти, на присутните колеги и