Поради процесни пропусти, Основниот суд Скопје 1 го врати назад првиот обвинителен предлог на СЈО против седуммината вработени во УБК. Ваквата правна неписменост на СЈО е само уште еден во низата пропусти на обвинителството на Катица Јанева.Со цел задржување на навременото и транспарентното работење на овој суд, а во врска со преземањето на одредени дејствија на судиите за предмети кои деновиве се во фокусот на вниманието на јавноста, Основен суд Скопје 1 – Скопје информира дека судијата кој треба да постапи по обвинителниот предлог во скратена постапка против Г.Г. и други лица осомничени лица за кривичното дело „Фалсификување службена исправа“ од чл.361 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од КЗ, поднесен од страна на Специјалното јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), со допис ги врати доставените докази во прилог на обвинителниот предлог на СЈО.
-Имено во дописот се наведува дека во прилог на доставениот обвинителен предлог против осомничените лица, доставена е и листа на докази и попис на списи со приемница, меѓутоа од содржината на пописот не произлегува дека е доставен акт за декласификација на доказите за потребите на судската постапка врз основа на кој класифицираните докази може да се користат во постапката, односно да може да се оцени основаноста на обвинението, со оглед на тоа што без ваков акт, истите не може да бидат користени од страна на судската служба, за оформување на списите на предметот, се вели во соопштението од Кривичниот суд.Со цел задржување на навременото и транспарентното работење на овој суд, а во врска со преземањето на одредени дејствија на судиите за предмети кои