ВРЕДИ ДА СЕ ПРОЧИТА: Ова се 10 работи кој вашата мајка никогаш не ви ги кажала

Бремена. Бремена сум, тоа беше јасно како ден. Две сини линии се појавија на тестот за бременост кој само што го купив. Срцето ми лупаше, ми се вртеше во глава. Стомакот ме болеше, бев нервозна, возбудена, исплашена и пресреќна во исто време.Ова навистина се случува. После година дена фантазирање, подготовки….конечно треба да станам мајка.
Што од љубов, што од грижа, овие 10 работи ниту една мајка нема да му ги признае на своето дете:
1. Ја расплакавте, многу пати
Плачела кога открила дека е бремена со вас, плачела кога прв пат ве држела во раце. Плачела од среќа, страв, грижи, тага… Таа постојано ги проживува вашите емоции, без разлика дали сте свесни за тоа.
2. Таа го сакаше последното парче торта
Но, кога ве виде како вие го гледате, веројатно не можела да го допре. Точно знаела дека ќе биде многу посреќна ако вашиот стомак биде полн, а не нејзиниот
3. Болеше
Кога ја влечевте за коса, кога ја гребевте, кога ја гризевте… секој пат болеше, но изгледа љубовта е посилна од секоја болка.
4. Секогаш се плашеше
Од моментот кога открила дека постоите, се плашела дека може да ве изгуби, па затоа се претворила во силната мајка која ги користи сите моќи да ве заштити. Таа не сакала никој да ве држи за случајно да не ве испушти, срцето и застанувало додека сте ги правеле првите чекори и останувала будна сè додека не се вратите дома, на сигурно.
5. Знае дека не е совршена
Таа е најголемиот критичар кој ги мрази сите свои маани. Најверојатно сакала да биде совршена мајка, но свесна е колку грешела. А големи се шансите дека до ден денес не може да си ги прости грешките. Бидете понежни кон неа, колку што можете.

 
6. Ве гледаше додека спиевте
Имало ноќи кога била будна до 3 наутро, молејќи се да заспиете мирно и спокојно. А кога конечно ќе потоневте во убавите детски соништа, големи се шансите уште неколку минути, па и часови да седела над вас гледајќи го омилениот детски лик. Тоа се оние моменти во кои доживеала љубов каква мислела дека никогаш нема да почувствува.
7. Ве носеше повеќе од 9 месеци
Само затоа што ви беше неопходна. Готвеше, јадеше и заспиваше со вас во раце. Била изморена, ја болел грбот, но ве држела цврсто само за да бидете што поблизу.
8. И се кршеше срцето секој пат кога плачевте
Немало ништо потажно од звукот на вашиот плач, ниту од погледот на вашите солзи кои и го кршеле срцето на милион парчиња. Но, ќе го премолчи и тоа.
9. Секогаш сте на прво место
Можела да издржи без туширање, храна или сон, само затоа што вие не сте сакале да се одвоите.
10. Сè би повторила од почеток, без каење и промени
Мајчинството може да ве доведе до раб на сите сили и нерви. Плачете, сè ве боли, се трудите, не успевате, повторно се обидувате и учите. Но, среќата не се мери со ништо од тоа. И верувајте дека да има шанса, истото би го повторила уште најмалку 10 пати.
Кога последен пат ја прегрнавте вашата мајка?
Кога последен пат и кажавте дека ја сакате?
Направете го тоа денес!Ова навистина се случува. После година дена фантазирање, подготовки….конечно треба да станам мајка.
Што од љубов, што од грижа, овие 10 р

Пронајдете не на следниве мрежи: