Време е за „Play“ со Sony на CES 2014

Нови електронски произвди, содржини и услуги
За повеќе забава дома и во движење
 Најновите технологии за потрошувачка електроника од Sony претставени на Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас (CES) 2014 нудат по нешто за сечиј вкус – од телевизори со најдобрата 4К резолуција, преку фотоапарати и камери за секаква намена, паметни телефони кои целосно ги менуваат мобилните комуникации до целосно нов концепт за активен животен стил – SmartWear. Продолжувајќи ја посветеноста на Sony кон постојано подобрување на корисничкото искуство, производите претставени на CES 2014 се фокусираат на централната тема: “Play.”
“Зборот 'play' може да го дефинираме како многу работи, од играње игри до пуштање музика, гледање или активно учество во спорт, притискање на 'play' на нашиот омилен уред, но пред сè, тој збор означува забава,” изјави Мајк Фасуло, претседател и COO на Sony Electronics. “Нашите нови производи се дизајнирани за корисниците, за уште повеќе да го подобрат задоволството од активностите кои тие ги сакаат. Тие ја претставуваат суштината на она што го турка Sony напред, совршената комбинација на технологија и емоции, инспирирајќи возбуда што само Sony може да ја предизвика.”
На CES 2014, Sony направи комбинација на производи, содржини и онлајн услуги за да создаде извонредна и динамична забава – во и надвор од домот.
4K ТЕЛЕВИЗИЈА И СОДРЖИНИ
Екосистемот на Sony 4K ги вклучува сите аспекти на креирање на содржина, продукција, како и прикажување на 4К содржина на новите телевизори, првиот 4K медиа плеер во светот, како и 4K видео камери за корисниците. На CES 2014, Sony го истакна напредокот во секоја од овие области.
Палетата на Sony 4K HD BRAVIA телевизорите се зголеми, предводена од 85-инчниот X95. Овој  модел е единствен кој користи X-tended Dynamic Range PRO со уникатен алгоритам за осветлување кој постигнува многу поширок динамички опсег на осветленоста со повеќе детали во светлите тонови и подлабоки црни тонови.
Серијата X9 и се придружува на 4K Ultra HD BRAVIA палетата со “клинест” дизајн кој заштедува простор без разлика дали е поставен на маса или закачен на ѕидот и ја подобрува ефикасноста со вграден нискотонец, високотонец и субвуфер за побогат звук кој опкружува.
Заедно со новите Sony 4K BRAVIA модели од серијата X85, сите 4K BRAVIA телевизори за 2014 година доаѓаат со вграден Sony 4K 60P HEVC декодер за полесно емитување на нови форми на 4K содржина. Sony исто така воведува четири нови BRAVIA Full HD телевизори, со нови големини на екранот, опции за гледање и многу повеќе интерактивност, при што секој модел доаѓа со Sony X-Reality PRO™ процесор на слика за попрецизни и пореални слики.
Со цел да понуди што поголем избор на 4К содржини, Sony соработува со голем број на провајдери на содржини како 500px за слики, YouTube и многу повеќе.

 
ДИГИТАЛНА ФОТОГРАФИЈА
Минатата година Sony направи значителен напредок во полето на дигиталната фотографија, од QX серијата на фотоапарати кои имаат форма на објективи до револуционерните фотоапарати α7 и α7R со 35mm сензор и заменливи објекти и RX10 фотоапаратот со фиксен објектив.
Новина на CES е моделот Sony α5000, најмалиот и најлесниот APS-C фотоапарат со заменливи објективи. Овој модел без огледало нуди висок квалитет на сликата и Wi-Fi и NFC што го прави идеален за фото ентузијасти кои се во потрага по мал фотоапарат, како и почетници кои сакаат нешто подобро. Апликациите на PlayMemories уште повеќе го подобруваат ова искуство со голем број на платени и бесплатни апликации, како и понудa на нови креативни ефекти и услуги.
На FDR-AX1E 4K Handycam видео камерата на Sony сега и се придружува уште еден 4K модел FDR-AX100E кој е приближно 75% помал и 66% полесен модел за удобно снимање со една рака. Оваа нова видео камера има 1-инчен CMOS сензор за слика со заднинско осветлување и BIONZ Х процесор за подобар квалитет на сликата, дури и при слаба осветленост. ZEISS објективот со голем дијаметар е оптимизиран за снимање на видеа, додека Wi-Fi и NFC им овозможуваат на корисниците брзо и лесно да се поврзат со други мобилни уреди.
Новиот модел HDR-AS100VR на Action Cam од Sony има BIONZ X процесор за обработка на слика, нов објектив и сензор за слика кој значително го подобрува квалитетот и дополнително нуди  можност за снимање на забавено движење преку можноста за снимање до 240 слики во секунда. Најновиот модел е водоотпорен и не му треба дополнително куќиште. Овој модел има нова функција која им овозможува на корисниците да контролираат до пет HDR-AS100V модели со Live-View Remote и паралелно да снимаат од повеќе агли. Функцијата за далечинско управување исто така работи и со други производи од Sony како што се α, QX, Handycam и Cyber-shot линиите.
ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ СО НОВИ ТЕХНОЛОГИИ
Sony претстави две нови прототип технологии коишто дополнително го збогатуваат “Play” концептот.
Head Tracker сензорот кој се поставува на заднината од Sony HMZ-T3W уредот за личен приказ ги насетува движењата на корисникот и го менува погледот од лево кон десно, горе и долу. Со HeadTracker, корисниците можат да ја видат снимката направена со ActionCam, гледајќи го видеото од различни агли со едноставно вртење на главата.
Другиот прототип на Sony презентиран на CES е сензорот за тенис. Овој сензор се додава на тенискиот рекет и може да анализира и да помни удари и информации вклучувајќи брзина на замав, вртење на топката кои многу лесно можат да се погледнат на паметниот телефон.

ЗВУК
Звукот е во срцето на Sony уште од самото основање на компанијата, а минатогодишното воведување на звук со висока резолуција ја одржува таа традиција. На CES, Sony ја прикажа групата на аудио производи со висока резолуција која што ја предводи иновацијата во  рамките на целата индустрија со претставување на нови производи вклучувајќи ги ZX1 Walkman®, SRS-X9 безжичниот систем на звучници, и аудио за компјутери со висока резолуција, домашни звучници, како и систем за домашно кино.
SONY MOBILE
На CES беа преставени низа мобилни иновации од Sony кои се надоврзуваат врз успехот на Xperia Z.
Новиот член на Xperia серијата е Xperia Z1s, којшто ги вклучува карактеристиките на најдобрите технологии за снимање од Sony кои се наоѓаат во Xperia Z1 вклучувајќи и “G објектив”, “Exmor RS за мобилни” и “BIONZ за мобилен телефон”. Xperia Z1s паметниот телефон им нуди на корисниците нови начини да уживаат во камерата на нивните телефони преку новите апликации, вклучувајќи го и новододадениот Background Defocus кој им дава креативен дух на сликите. Ова е првиот паметен телефон кој доаѓа со вчитани PlayStation® App за далечинско управување и играње со втор екран за PS4 игри. Новите Xperia Z1 компактни модели на Sony ги вклучуваат сите карактеристики и технологии на Z1 со големина која удобно се сместува во раката, достапен во четири бои и со повеќе од 130 нови NFC додатоци.
Префрлувањето на податоци со Xperia платформата сега е полесно од кога било со Xperia Transfer Mobile – брзо и лесно решение за трансфер на контакти, музика, фотографии, апликации меѓу телефони со Android и iOS.
Освен со телефоните, Sony ја исцртува својата визија и со новото SmartWear искуство, вклучувајќи ја претстојната палета на SmartWear производи, Sony Xperia паметни телефони, како и новата Lifelog апликација од Sony.
Првиот производ во оваа категорија ќе биде SmartBand, односно интелегентна алка која им овозможува на корисниците да ги впишат секојдневните активности кои ќе можат визуелно да ги видат на својот паметен телефон преку Lifelog апликацијата од Sony.
„Корисниците може да се потсетат на минатото, најдобро да ја искористат сегашноста и да ја испланираат иднината,“ изјави Кунимаса Сузуки, извршен директор, EVP и претседател и CEO на Sony мобилни комуникации. „Искуството со SmartWear покажува дека животот е повеќе од бројот на чекори кој го правите, се работи за емоции и живот во движење, за забава и информации, за тоа како се чувствувате, како и она што го правите.“
Со користење на отворен софтвер и хардвер, Sony гради нови партнерства за да им понуди на корисниците поголем избор и да го развива концептот на SmartWear.
За Sony:
Нудејќи интегрирано искуство на забава преку електрониката, мобилните, музиката, сликите, игрите и забавната индустрија, Sony има уникатна позиција како еден од водечките светски брендови. Sony е препознатлив по своите аудио-визуелни производи како за потрошувачите така и за професионалците, како што се 4K Ultra HD and Full HD LED BRAVIA™ TV, Cyber-shot™ дигиталните фотоапарати, Handycam® видео камерите, “α” (се изговара Алфа) digital SLR фотоапарати, Sony таблет, и Walkman® MP3 плеер, како и VAIO® компјутерите и 3D HD професионална опрема за емитување. 
За повеќе информации за Sony, посетете ги presscentre.sony.eu и www.sony.net.
“Sony”, “WALKMAN”, “VAIO”, “Cyber-shot”, “Handycam”, “α”, “BRAVIA” и “XDCAM” се регистрирани трговски марки на компанијата Sony. Сите други трговски марки или регистрирани трговски марки се сопственост на нивните сопственици.Најновите технологии за потрошувачка електроника од Sony претставени на Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас (CES) 2014 нудат по нешто з

Пронајдете не на следниве мрежи: