Првиот албум на Sarah Mace совршено легна на полиците на Југотон. Нејзиниот проект „Floating through space with Sarah Mace“ полета со песната „Небо“ и сега, првата песна од албумот насловена „Време“ лебди низ македонскиот етер, радио станиците и топ листите придобивајќи илјадници љубители на музиката. Денес е време за „Време“ да се најде и на YouTube:Инспирацијата за текстот на песната „Време“ извира од елацијата на минатото, допирот на сегашноста и аберацијата на иднината. Музиката на „Време“ е од Sarah Mace, Дејан Митовиќ и Неврус Бајрам, и текстот е од Sarah Mace. Аранжманот е од Дејан Митровиќ, Неврус Бајрам, Sarah Mace, Иван Петровски и Александар Ванчовски. Снимена е од Ивица Јанкуловски и микс и мастер е Горан Гешовски.
Во склоп на проектот „Floating through space with Sarah Mace“ се одржаа два концерти, каде на првиот, под отворено небо, времето не им дозволи на Сара и нејзиниот тим да го одржат еден од најспецифичните концерти кои некогаш биле подготвени во Македонија. Покрај тоа што дождот и ниските температури претставуваа ризик за сите, Sarah Mace, Иван Петровски, Неврус Бајрам, Дејан Митровиќ, Филип Димишковски, Теа Богатинова, Калина Велковска, Александар Ванчовски и Виктор Филиповски се качија на бината и со акустични инструменти ја исполнија атмосферата со забава и причина за уживање пред присутните.
Албумот „Floating through space with Sarah Mace“ е авторско дело на Sarah Mace и нејзиниот тим. Истиот е издаден од „Пасворд продукција“. Продуцент е Горан Гешовски и албумот се снимаше во студио „Алшар“ од Ивица Јанкуловски. Албумот е во продажба и сите заинтересирани може да го најдат во Југотон.
Инспирацијата за текстот на песната „Време“ извира од елацијата на минатото, допирот на сегашноста и аберацијата на иднината.