Време за плачење

…„Распнат помеѓу преземените обврски кон чадорот, болните резултати од истражувањето на јавното мислење,популарноста којa бележи историски ниско ниво, се помалку луѓе на уличните протести и доаѓањето на летото во кое обесправените деца на црвената буржоазија заминуваат на Халкидики, на Кралот (Заев) му станува тесно во сопствената кожа.“Она што последниве денови се случува на политичката сцена во земјата, повеќе наликува на сцена од култната претстава Кралот Иби на Алфред Жари , во која главниот лик, опседнат со својата желба за власт урива и ништи се пред себе, длабоко убеден дека Бог го црпнал (од нивата на пример) и му предодредил да владее со земјата. Распнат помеѓу преземените обврски кон чадорот, болните резултати од истражувањето на јавното мислење,популарноста којa бележи историски ниско ниво, се помалку луѓе на уличните протести и доаѓањето на летото во кое обесправените деца на црвената буржоазија заминуваат на Халкидики, на Кралот (Заев) му станува тесно во сопствената кожа. Болните крици за нова лидерска средба, кои во изминатите два дена доаѓаат од поранешна Бихаќка, а сегашна Павел Шатев не се ништо друго туку обид да се задржи вниманието, да не се изгуби веќе здодевниот фокус и да се остане во игра во која влогот е нов изборен дебакл.
Ако во меѓувреме ја изземеме неговата бисерната изјава дека “Сите анкети покажуваат водство на СДСМ” на која слатко се изнасмејаа и децата од градинките, воопшто не е тешко да се предвиди крајот на авантурата наречена “Дестабилизација на Македонија” која индиспонираниот и некадарниот политички дилетант, ја започна пред година и половина. Индикатори за ова тврдење има многу но во оваа прилика ќе се задржам на два за кои сметам дека најдобро го илустрираат летот во сопственото грло на единствениот аболициран политичар во земјава и неговата поданичка камарила. Првиот се огледува во фактот што дури 70 проценти од граѓаните на Република Македонија го осудуваат шкртањето на објектите во Скопје.
Просто восхитувачки е како СДСМ и Заев, успеваат да го промашат фокусот на активностите кои ги преземаат за да одработат на своја штета. Вториот индикатор на кој е втемелен драматичниот пад на рејтингот на Заев и неговите шарени лакеи, е изгубената перцепција на граѓаните за автентичноста на протестите кои секојдневно им го узурпираат правото на слободно движење низ градот во кој живеат. Шарените бази на раскрсниците одамна го изгубија шармот на бунтовноста и се трансформираа во точки на потенцијално насилство. Никогаш не знаеш кога некој нов Замир ќе излезе од толпата и ќе ти удри шамар само затоа што нивната шарена база се наоѓа во насоката на твоето движење.
Она што ќе биде особено интересно, а ќе се случува наредните денови е расколот помеѓу шарените и нивното сепарирање на црвени, жолти, сини,розови и зелени. Она што сите го гледаат (освен, Заев, Шекеринска и Шилегов најверојатно) е почетокот на битката за свое парче од колачот. Ако притоа се знае дека Левица, која остана на дваесетина перманентни активисти, од самиот почеток на протестите го исмеваше Заев како рецидив на бескорисниот СДСМ од времето на транзицијата. Дури неколкупати јавно и отворено скандираше против неговото појавување, па треба да се биде многу наивен за да се поверува дека токму Левица – во предизборитео, бранејќи го СДСМ ,на своите плеќи ќе земе дел од товараот кој најголемата опозициона партија како мираз и го донесе на шарената револуција. Веќе се видливи и поместувањата во соросовиот граѓански сектор кој никако нема да се согласи Зоран Заев да биде нивниот репрезент во идните политички случувања во земјата. Тука секако се и ЛГБТ активистите, кои како една од најактивните струи во шарената револуција никако нема да се согласат со однапред определената улога на статисти во пост шарениот процес што (со право?) си го сметаат за свој.Во оваа насока, намерно не ги споменувам Павле, Лиле,Кекеновски,Ангелов и Димитров, бидејќи тие свесни за својата политичка немоќ, одамна ги имаат осмислено своите нови паразитски агенди, во кои се разбира нема место за Зоран Заев.
Пред нас е интересен политички период кој несомнено ќе ни понуди убава забава, на сите нас кои покрај европскиот фудбал сакаме да ѕирнеме и во левичарската арена која полека но сигурно својата шарена орнаментика ќе со замени со неизбежната црвена боја на гладијаторското меѓусебно истребување – до последниот.
П.С
Да не прозвучам премногу професорски, сакам да потсетам дека според социолозите : Политичка партија меѓудругото претставува здружение на луѓе со исти политички цели и убедувања, кои се стремат да ја освојат државната власт за да ги остварат тие цели. Ако после речиси десет години (здружените луѓе од првиот пасус на дефиницијава), следеле одредена политика на раководството и не успеале да дојдат на власт – крајно време е да ги преиспитаат причините за таквата состојба. Или да го менуваат раководството или да се менуваат себе си. Трето нема. Како што впрочем нема ни власт без избори, бидејќи само народот може да одлучи на кого ќе ја даде својата доверба за управување со државата.
 
Пишува Александар ДаштевскиОна што последниве денови се случува на политичката сцена во земјата, повеќе наликува на сцена од култната претстава Кралот Иби на Алфред Жари , во

Пронајдете не на следниве мрежи: