ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Силно невреме доаѓа кон Македонија

Во среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд.Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер од над 70 км/час и со услови за појава на град. Локално се очекува да наврнат 30 литри на метар квадратен воден талог, информира УХМР.
Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура. На планините врнежите ќе бидат од снег.Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер од над 70 км/час и со услови за појава на град.

Пронајдете не на следниве мрежи: