Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во вечерните часови во западните и северните делови од земјата ќе има и повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.Температурата ќе се движи од 13 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, со температура до 19 степени.
До четвтрок времето се очекува да биде променливо облачно и ветровито со врнежи од дожд, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Пооблачно со обилни врнежи од дожд ќе биде во вторник и среда, кога на повеќе места се очекува да наврнат околу 50, а локално и над 60л/м2 воден талог. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер (над 70 км/ч), кој во среда кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен и ќе предизвика значително опаѓање на температурата, прогнозира УХМР Македонија.Температурата ќе се движи од 13 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, со температура до 19 степени.