Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер.Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а највисоката дневна температура на воздухот ќе биде во интервалот од 13 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурите од 10 до 17 степени.
Во среда претпладне ќе има врнежи од дожд, кои во северните делови повремено ќе имаат умерен интензитет. Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен југоисточен ветер, а локални врнежи од дожд се очекуваат во петок и во сабота.Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а највисоката дневна температура на воздухот ќе биде во интервалот од 13 до 18 степени.